Александар II (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар II
Роден 29 април 1818
Москва, Руска Империја
Починал 1 ноември 1894
Санкт Петербург, Русија

Александар ІІ Николаевич (руски: Александр II Николаевич ) бил император на Русија и кнез на Финска (18551881 г.) од династијата Романов-Холштаинн-Готорп. Александар ІІ е многу попознат по либералните реформи кои ги наложил во руското општевство. По 1866 година врз него биле извршени дури осум атентати од кој последниот бил успешен[1].

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Во 1877, рускиот генерал Јосиф Гурко го ослободил Велико Трново, со што се завршило 480-годишното османлиско владеење.

Ослободување на Бугарија[уреди | уреди извор]

Во април 1876 бугарското население се побунило против османлиските власти. Властите го задушиле Априлското востание, што предизвикало општо негодување низ цела Европа. Некои од најистакнатите интелектуалци и политичари на Континентот, особено Виктор Иго и Вилијам Гладстон, се обиделе да ја подигнат свеста за злосторствата што Турците ги вршеле врз бугарското население. За да се реши оваа нова криза на крајот на годината во Константинопол била свикана конференција од страна на Големите Сили. Учесниците на конференцијата не успеале да постигнат конечен договор. По неуспехот на Константинополската конференција, на почетокот на 1877 императорот Александар II започнал дипломатски подготовки со другите Големи Сили за да обезбеди нивна неутралност во случај на војна помеѓу Русија и Османлиите. Александар II сметал дека таквите договори се најважни за да се избегне можноста да и предизвика катастрофа на земјата слична на Кримската војна.[2]

Рускиот император успеал во своите дипломатски напори. Откако обезбедил договор за неинволвирање на другите Големи Сили, на 17 април 1877, Русија прогласила војна на Османлиската империја. Русите, потпомогнати од романската војска под водство на кралот Карол I (тогаш принц на Романија), кој исто така се обидел да извојува независност на Романија од Османлиите, биле успешни против Турците и Руско-турската војна од 1877–1878 завршила со потпишување на прелиминарниот договор во Сан Стефано на 19 февруари (3 март нов стил) 1878. Договорот и последователниот конгрес во Берлин (јуни–јули 1878) обезбедиле независнот на Бугарија за прв пат од 1396, и бугарските парламентарци го избрале внукот на царот, кнезот Александар Батенберг, за прв бугарски владетел. За неговата социјална реформа во Русија и неговата улога во ослободувањето на Бугарија, Александар II во Бугарија станал познат како „Цар-ослободител на Русите и Бугарите“. Споменик на Александар II бил подигнат во 1907 во Софија, од спротивната страна на бугарското собрание.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alexander II | emperor of Russia“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 14 May 2018.
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ц.
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин