Пловдив
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Население | 331.796[1] |
|---|---|
| Регистарска ознака | PB (BG) |
| Административна поделба | Пловдивска област |
| Веб страна | www.plovdiv.bg |
| Градоначалник | Славчо Атанасов, ВМРО-БНД |
| Површина | 53 km2 |
| Надморска висина | 164 m |
| Координати: | 42° 9′ С, 24° 45′ И |
Пловдив (бугарски: Пловдив) е град во Jужна Бугариjа. Тој е вториот по големина град во Република Бугариjа и претставува административен центар на Пловдивска област.
Содржина |
Географиjа [уреди]
Пловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 km². Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската низина.
Личности [уреди]
Пловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панаjот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов.
Историjа [уреди]
Античкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип.
Според статистиката, од 1885 година, кон краjот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата Светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.
Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот договор во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелиjа Османската империjа го задржа само градот Крџали и неговата околина, во коjа тогаш живеат исклучиво Турци и коjа влегува во составот на Бугариjа во 1912 г.
Братски градови [уреди]
Галериjа [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пловдив“ |
- [www.plovdiv.bg Официјално мрежно место]
- Водич за Пловдив
- Пловдив инфо
- Фотографии од Пловдив (стариот град)
- Фотографии од Пловдив1
- Информации за потенцијални инвеститори на Пловдискиот регион
- Хотели во Пловдив
- Водич за Пловдивската област - градови и села
- Антички Пловдив
- Фотографии од Пловдив2
- Водич за сместување во Пловдив
|
|||||
