Сандански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот, видете Сандански (појаснување).
Сандански

Сандански
Бугарија Бугарија

Област Благоевградска
Општина Сандански
Население 29 188
(според 2008)
Регистарска ознака E (BG)
Градоначалник Андон Тотев (независен)
Надморска височина 296 м
Портал http://www.sandanskibg.org
Координати: С, И

Сандански (бугарски: Сандански) или Свети Врач е град во југозападниот дел на Бугарија, Благоевградска област. Градот се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лева страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна. Низ него тече реката Санданска Бистрица.

Панорамски поглед на градот
Хотел „Сандански“
Парк до хотелот „Сандански“

Историја[уреди]

Во античко време овде живеале Синтите, коишто се пајонско племе. Подрачјето е приклучено кон Античка Македонија од Филип II. Се предпоставува дека античкиот град што постоел овде бил подигнат токму од него е се викал Партикополис или Парајкополис. Во 168 год.ст.е. како дел од Македонија паѓа под римски протекторат.

Во минатото градот го носел името Свети Врач (со значење „лекар“), поради лековитоста на своите извори. Денешното име го добил според револуционерот Јане Сандански.

Во првиот попис во Бугарија по Втората светска војна (во времето на Татковинскиот фронт и Георги Димитров) кога 70% од населението на Пиринска Македонија се попишало како Македонци, во Сандански (тогаш Свети Врач) процентот на Македонците бил 85% [се бара извор]. Истотака и во првиот попис по падот на комунизмот во Бугарија, некои медиуми шпекулирале дека како и во Петрич, така и во Сандански постои „национална опасност“ бидејќи околу 20% од населението во градот се попишале како Македонци, а во повеќе сандански села сите жители целосно се изјасниле дека се Македонци[1][да се провери], сепак нема официјални податоци за овие информации на некои бугарски медиуми.




Население[уреди]

Според официјалните податоци, Сандански има околу 41 180 жители, од кои 95% се изјаснети како Бугари. Дел од жителите на Сандански се изјаснети како Македонци (околу 1%) и токму во овој град е голем бројот на симпатизерите на ОМО Илинден - Пирин [1].

Стопанство[уреди]

Градот е познат по своите топли гео-термални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Сандански го изградиле познатиот хотел „Сандански“.

Поради близината со грчката граница, последниве години во Сандански има наплив на грчки фирми и грчки капитал. Сандански и околината поради рамничарскиот предел отворен кон југ (кон Петрич), близината на реките Струма и Санданска Бистрица и гео-термалните извори има развиено земјоделие, особено оранжериско производство на ран зеленчук.

Гимназијата „Јане Сандански“ е во тесна со работка со скопската гимназија „Орце Николов“ и други странски гимназии. Секоја година во градот и околината се одржува велосипедски крос по повод борбата против дрогата на која редовни гости се ученици од македонските гимназии со кои соработува санданската гимназија, а од 2006 година ова пријателство стана традиционално со приемот на учениците од Сандански во Скопје.

Личности[уреди]

Наводи[уреди]

  1. В. Јотевски, Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948 г. Скопје 1996, (податоци на с. 155)

Надворешни врски[уреди]


The flag of Bulgaria Одморалишта во Бугариjа EU

Албена · Бањa · Балчик · Банско · Боровец · Варна · Велинград · Витоша · Дуни · Елените · Златни Песоци · Китен · Кранево · Несебар · Пампорово · Равда · Русалка · Сандански · Свети Влас · Свети Константин и Елена · Сончев Брег · Сончев ден · Царска Бањa · Царево


Дел од серијалот Јане Сандански
Јане 7.JPG