Благоевградска област

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Благоевградска област
Област Благоевград
—  Област  —
Местоположба на Благоевградска област во Бугарија
Земја  Бугарија
Гл. град Благоевград
Општини 14
Управа
 • Управник Валери Смиленов
Површина
 • Вкупна 6.449,5 км2
Население
 • Вкупно 368.840 жит.
Час. појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Рег. табл. E

Благоевградска област е една од 28-те области во Република Бугарија. Има површина од 6.798 км2. Главен град на Благоевградската област е Благоевград (до 1950 г. - Горна Џумаја).

Благоевградската област се простира речиси целосно на територијата на Пиринска Македонија.

Историја[уреди]

Според пописот од 1920 г. населението броело 155.598 жители, но немало декларирани како етнички Македонци. Во декември 1946 г. во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Благоевградската област 70% се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956 г.) при пописот на населението во Благоевградската област од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862 — или 63% од целокупното население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии[1].Според неофицијални податоци во првиот попис по падот на комунистичката власт во Бугарија, во Пиринска Македонија како Македонци се попишале 10803 луѓе. Според пописот од 2001 населението на Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители. Од нив како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306.118 или 89,7%, 19.819 жители го признале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 - ромскиот. Според последниот подпис од 2011 година 561 души во Благоевградско се декларирале како Македонци (0,2%).[2]

  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година
Околии Санданска Петричка Благоевградска Разлошка Гоцеделчевска Вкупно
Македонци 89,49% 82,64% 52,18% 45,18% 45,77% 63,64% (178862)
Бугари 7,51% 15,15% 45,08% 39,05% 49,45% 33,33% (93671)
други 3,00% 2,16% 2,71% 11,92% 4,77% 3,03%

Население[уреди]

Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за населението во Благоевградска област од пописот во 2001 година:[3]

  • Етнички групи во Благоевградска област
Вкупно Бугарска Турска Ромска Македонска Друга
341.173 286.491 31.857 12.405 3.117 7.303
100% 83.97% 09.34% 03.64% 00.91% 02.14%

Географија[уреди]

Во целост во Благоевградската област може да се одделат 6 географски целини:

  • Планината Пирин (со планината Славjанка на jуг) во средишниот дел на областа.
  • Осоговско-Беласишката планинска група, коjа ги вклучува планините Осогово, Влаина, Малешевска планина, Огражден и Беласица, преку кои минува границата со Република Македонија.
  • Долината и сливното подрачје на реката Струма западно од Пирин планина и околината на градот Петрич во плодна широка рамнина (котлина).
  • Долината и сливното подрачје на реката Места источно од Пирин планина, која истотака во јужниот дел во околината на градот Гоце Делчев е плодна и пространа рамнина со повисока надморска височина од Петричкото поле.
  • Наjзападните ридови на планината Родопи на исток од реката Места.
  • Jужниот дел на планината Рила.

Список на населените места во Благоевградската област[уреди]

Општина Банско[уреди]

Банско, Гостун, Добриниште, Кремен, Места, Обидим, Осеново, Филипово

Општина Белица[уреди]

Бабјак, Белица, Врхари, Гaл’бово, Горно Краиште, Дагоново, Златарица, Краиште, Кузово, Лјутово, Орцево, Палатик, Черешово

Општина Благоевград[уреди]

Бело поле, Бистрица, Благоевград, Бучино, Б’лгарчево, Габрово, Горно Хрсово, Дебочица, Делвино, Дренково, Д’брава, Еленово, Зелендол, Изгрев, Клисура, Лешко, Лисија, Логодаж, Марулево, Моштанец, Обел, Падеш, Покровник, Рилци, Селиште, Церово

Општина Гоце Делчев[уреди]

Баничан, Борово, Брезница, Буково, Господинци, Гоце Делчев, Делчево, Добротино, Драгостин, Корница, Л’жница, Мусомишта, Средна

Општина Грмен[уреди]

Балдево, Горно Дреново, Грмен, Дебрен, Долно Дреново, Д’бница, Ковачевица, Крушево, Лештен, Марчево, Огнјаново, Ореше, Осиково, Рибново, Сребатно, Хвостјане

Општина Јакоруда[уреди]

Аврамово, Бел Камен, Бунцево, Јуруково, Јакоруда Конарско, Смолево, Черна Места,

Општина Кресна[уреди]

Влахи, Кресна, Горна Брезница, Долна Градешница, Оштава, Сливница Стара Кресна,

Општина Петрич[уреди]

Баскалци, Беласица, Богородица, Боровичене, Вишлене, Волно, Габрене, Гега, Генерал Тодоров, Горчево, Долене, Долна Крушица, Долна Рибница, Долно Спанчево, Драгуш, Дрангово, Дреновица, Дреново, Зојчене, Иваново, Јаворница, Јаково Кавракирово, Камена, Капатово, Кладенци, Клуч, Коларово, Кромидово, Крнџилица, Кукурахцево, Кулата, Крналово, Марикостиново, Марино поле, Мендово, Митино, Михнево, Ново Кономлади, Рупите, Петрич, Право Брдо, Првомај, Рибник, ’Рждак, Самуилова крепост, Самуилово, Скрт, Старчево, Струмешница, Тонско дабе, Тополница, Чурилово, Чуричени, Чучулигово,

Општина Разлог[уреди]

Бања, Бачево, Годлево, Горно Драглиште, Доб’рско, Долно Драглиште, Елешница, Разлог

Општина Сандански[уреди]

Белевехчево, Бељово, Бождово, Виногради, Вихрен, Врања, В’лково, Голем Цалим, Голешово, Горна Сушица, Горно Спанчево, Дамјаница, Дебрене, Долени, Зорница, Златолист, Јаново, Калиманско, Катунци, Кашина, Ковачево, Крстилци, К’рланово, Ладарево, Ласкарево, Лебница, Левуново, Лехово, Лешница, Лилјаново, Лозеница, Лјубовиште, Лјубовка, Малки Цалим, Мелник, Ново Делчево, Ново Хоџово, Петрово, Пиперица, Пирин, Плоски, Поленица, Рожен, Сандански, Склаве, Спатово, Стожа, Струма, Сугарево, Хотово, Храсна, Хрсово, Черешница, Џигурово,

Општина Сатовча[уреди]

Боголин, Ваклиново, В’лкосел, Годешево, Долен, Жижево, Кочан, Крибул, Осина, Плетена, Сатовча, Слаштен, Туховишта, Фргово

Општина Симитли[уреди]

Брежани, Брестово, Горно Осеново, Градево, Докатичево, Долно Осеново, Железница, Крупник, Мечкул, Полена, Полето, Ракитна, Сенокос, Симитли, Сухострел, Сушица, Тросково, Черниче

Општина Струмјани[уреди]

Велјуштец, Вракуповица, Гореме, Горна Крушица, Горна Рибница, Добри лаки, Драката, Игралиште, Илинденци, Каменица, Клепало, Колибите, Крпелево, Махалата, Микрево, Никудин, Палат, Раздол, Седелец, Струмјани, Цапарево

Општина Хаџидимово[уреди]

Абланица, Беслен, Блатска, Гајтаниново, Илинден, Копривлен, Л’ки, Нова Ловча, Ново Лески, Парил, Петрелик, Садово, Теплен, Тешово, Хаџидимово

Македонски весници во Благоевградската област[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Доклад на Република България съгласно член 25, алинея 1 от Рамковата конвенция за защита на националните малцинства, одобрен с решение #91 на Министерския съвет от 14 февруари 2003 - Национален съвет по етническите и демографските въпроси към Министерския съвет, по проект финансиран от Световната банка
  2. Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.
  3. Попис 2001

Надворешни информации и врски[уреди]