Лештен

Координати: 41°38′N 23°49′E / 41.633° СГШ; 23.817° ИГД / 41.633; 23.817
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лештен
Лещен
Кметството на селото
Кметството на селото
Лештен is located in Бугарија
Лештен
Лештен
Местоположба во областа
Лештен во рамките на Пиринска Македонија
Лештен
Местоположба на Лештен во Општина Грмен и Благоевградската област
Координати: 41°38′N 23°49′E / 41.633° СГШ; 23.817° ИГД / 41.633; 23.817
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаГрмен
Површина
 • Вкупна16.569 км2 (6,397 ми2)
Надм. вис.&100000000000010930000001.093 м
Население (2015)
 • Вкупно10
 • Густина0,00.060/км2 (0,0.016/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2962
Повик. бр.07527

Лештенсело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Црква во селото
Стара куќа во селото

Селото Лештен се наоѓа на 14 километри североисточно од Неврокоп и на 7 километри североисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1093 метри на екстремните јужни падини на Западни Родопи. Атарот на селото зафаќа површина од 16.569 км2. Поради својата местоположба, селото има возбудлив поглед кон Неврокопската долина и Пирин, прекрасна архитектура чии куќи се типични за регионот.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската каза. Црквата „Света Петка“ бил изградена во 1833 година.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лештен (Leschtène) е село со 59 семејства и 200 Македонци.[2][3] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото запишал дека во него има 56 бугарски куќи.[2][4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Лештен, 12 час до левиот брег на Канина. Патот од Неврокоп до Фотовишта е рамен а одовде започнува да е стрмен и тесен. Нормалниот пат трае 4 часа. На прво место е сточарството. Бугарска црква. Куќи 56, бугарски. Најновото бугарско село...[2][5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци.[2][6]

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во тоа време селото било општински центар со развиена трговија. Општината постоела до 1934 година, по што нејзините архиви биле преместени во општината во селото Ковачевица. Регистрите за граѓански статус се наоѓаат во општинскиот центар на селото Грмен, а ЕСГРАОН се наоѓа во селото Горно Драаново заедно со стар регистар за месното население.

Обновени се многу од старите куќи во селото, додека нивниот автентичен архитектонски стил е зачуван и куќите се претворени во вили за одмор за туристите. Поради автентичниот изглед на селото, таму честопати се правени играни филмови и музички видеа.

Население[2][7][уреди | уреди извор]

Население на Лештен по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 554 571 503 294 87 64 35 8 2 10
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Лештен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 510. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129.
  4. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 10.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 195.
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Лещен, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  9. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 36.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18.
  11. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 12.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 43.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]