Мендово

Координати: 41°25′N 23°7′E / 41.417° СГШ; 23.117° ИГД / 41.417; 23.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мендово
Кладенци
Мендово is located in Бугарија
Мендово
Мендово
Местоположба во областа
Мендово во рамките на Пиринска Македонија
Мендово
Местоположба на Мендово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°25′N 23°7′E / 41.417° СГШ; 23.117° ИГД / 41.417; 23.117
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна4.065 км2 (1,570 ми2)
Надм. вис.&10000000000000212000000212 м
Население (2015)
 • Вкупно99
 • Густина0,024/км2 (0,063/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2893
Повик. бр.07427

Мендовосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во планински реон на Огражден, на 9 километри западно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 4.065 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 212 метри. Јужно од селото Мендово тече реката Струмица.

Во атарот на селото се наоѓа месноста Четиринаесет Чинари која е прогласена за споменик на природата со цел да се заштитат големите повеќевековни чинари кои го красат подрачјето.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Село Мендово било основано за време на османлиската власт[1]. Првите жители на селото биле Турци. Во селото имало џамија, а денес можат да се видат остатоци од стариот турски пат.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Турци[2]. За време на Балканските војни, муслиманското население се отселило од местото.

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле жители од Долна Рибница. Следната 1913 година било откриено училиштето „Свети Отец Пасиј’, и истото работело до 1989 година[1].

Население[3][уреди | уреди извор]

Население на Мендово по попис[3]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 242 364 294 303 223 207 185 133 101 99
Население по возраст
од 2011 година
[4]:

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 567. ISBN 954-90006-103 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  3. 3,0 3,1 „Справка за населението на с. Мендово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  4. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.