Места

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Места во Егејска Македонија
Карта на реката Места

Места (бугарски: Места; грчки: Νέστος, Нестос) — река во југозападна Бугарија (со Пиринска Македонија) и Егејска Македонија. Извира на планината Рила недалеку до нејзиниот највисок врв - Мусала, тече меѓу планините Пирин на запад и Родопите на исток и се влева во Егејско Море. Вкупниот тек на реката е 230 км, од кои 126 км во Бугариjа. Реката има и големи притоки од кои ја добива својата вода. Сливот зафаќа површина од 7.500 км².[1]

По реката е наречена општината Места во Кавалскиот округ, Егејска Македонија.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Места“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди]