Годлево

Координати: 41°55′N 23°28′E / 41.917° СГШ; 23.467° ИГД / 41.917; 23.467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Годлево
Годлево is located in Бугарија
Годлево
Годлево
Местоположба во областа
Годлево во рамките на Пиринска Македонија
Годлево
Местоположба на Годлево во Општина Мехомија и Благоевградската област
Координати: 41°55′N 23°28′E / 41.917° СГШ; 23.467° ИГД / 41.917; 23.467
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаМехомија
Површина
 • Вкупна28,718 км2 (11,088 ми2)
Надм. вис.&10000000000000877000000877 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно503
 • Густина18/км2 (45/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2768
Повик. бр.074207
Godlevo.jpg
Поглед на селото

Годлево — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Годлево е планинско село распространето во полите на планината Рила, на надморска височина од 877 метри. Оддалечено е 6 километри од општинскиот центар Мехомија и околу 150 километри од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Околу старото село коешто се наоѓа на 5 километри оддалеченост од селото, минува римски пат, а над него во планината се наоѓа местото викано Стапката на Крале Марко.

Во 1810 година во Годлево е отворено училиште од поп Теодосиј, кое првично опстојува во неговиот дом, а потоа во вакафскиот дуќан.[2]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од 1835 година.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители, сите Македонци[4][5].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Годлево функционира млекарница, којашто е позната по произведството на кашкавал и сирење.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, во Годлево живееле 503 жители.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]

националност број %
Бугари 494 98,2
Роми / 0
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле / 0
не одговориле 7 1,39
Вкупно 503 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Годлево за периодот 1934-2011:[6]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 839 892 715 788 754 668 668 607 503

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото има стадион со капацитет од 2000 души.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. Юруковъ, Мирчо (1941). Просвѣтното дѣло въ Разложко: исторически бележки (PDF). София: Печатница В. Ивановъ, Издадена съ подкрепата на Читалище „15 септемврий 1903 г.“ - Разлогъ. стр. 21.
  3. (PDF). Община Разлог http://old.europe.bg/upload/docs/OPR_Razlog.pdf. Посетено на 13 ноември 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 192. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 „Справка за населението на с. Годлево, общ. Разлог, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  7. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.