1943
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1943 MCMXLIII |
| Ab urbe condita | 2696 |
| Асирски календар | 6693 |
| Бахајски календар | 99–100 |
| Бенгалски календар | 1350 |
| Берберски календар | 2893 |
| Будистички календар | 2487 |
| Бурмански календар | 1305 |
| Византиски календар | 7451–7452 |
| Еврејски календар | 5703–5704 |
| Ерменски календар | 1392 ԹՎ ՌՅՂԲ |
| Етиопски календар | 1935–1936 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 943–944 |
| Ирански календар | 1321–1322 |
| Исламски календар | 1361–1363 |
| Јапонски календар | Период Шова 18 (18年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 壬午年月日 (4579/4639) — до —
癸未年月日(4580/4640) |
| Коптски календар | 1659–1660 |
| Корејски календар | 4276 |
| Календар Мингуо | Република Кина 32 民國32年 |
| Селевкидски календар | 2254–2255 |
| Тајландски сончев календар | 2486 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1999–2000 |
| - Шака самват | 1865–1866 |
| - Кали југа | 5044–5045 |
| Француски револуционерен календар | CLI–CLII 151–152 |
| Холоценски календар | 11943 |
| Џуче-календар | 32 |
1943 (MCMXLIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1943. година од новата ера, 943. од вториот милениум, 43. од 20 век и четвртта од 1940-тите.
Содржина |
Други календари[уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7451 и 7452 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6693 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5703 и 5704 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2696.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1943. година се протега во 4579 и 4580, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4639 и 4640 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2486. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1361 и 1363 исламска година.
Настани[уреди]
- 2 февруари - Завршува Сталинградската битка со предавање на германската шеста армија.
- 11 март - Бугарската војска и полиција ја спроведе акцијата на апсење и депортација на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.
- 19 март - Основана е Комунистичката партија на Македонија како македонска секција на Сојузот на комунистите на Југославија.
- 15 мај - Распуштена е Коминтерната.
- 10 јули - Сојузниците се истоваруваат на Сицилија.
- 16 јуни - Бугарските војници стрелаа 12 млади Македонци од селото Ваташа.
- 18 август - на Славеј Планина, Дебарца е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен за Ден на Армијата на Република Македонија.
- 23 август - Завршува Битката кај Курск со тежок пораз на германските сили.
- 8 септември - Италија склучува примирје со сојузничките сили.
- 11 ноември - Формирана е Првата македонско-косовска бригада.
- 22 ноември - Либан добива независност од Франција.
- 9 декември - АНОК го објавува својот Приговор на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
- 29 ноември - Во Јајце се одржува Второто заседание на АВНОЈ.
- 22 декември - Одржан е Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија.
Родени[уреди]
- 28 јануари - Кирил Ценевски, македонски режисер и сценарист
- 9 февруари - Џозеф Стиглиц, американски економист
- 22 февруари - Хорст Келер, германски претседател
- 25 февруари - Џорџ Харисон, британски музичар
- 9 март - Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор
- 29 март - Џон Мејџор, британски премиер
- 5 мај - Игнасио Рамоне, шпански писател
- 26 јули - Мик Џегер, англиски пејач
- 11 август - Первез Мушараф, пакистански генерал
- 17 август - Роберт де Ниро, американски актер
- 6 септември - Роџер Вотерс, англиски пејач (Pink Floyd)
- 29 септември - Лех Валенса, полски претседател
- 8 декември - Џим Морисон, американски пејач (The Doors)
- 24 декември - Тарја Халонен, фински претседател
- 25 декември - Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор
Починале[уреди]
- 4 јануари - Мирче Ацев, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 4 јануари - Страшо Пинџур, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 7 јануари - Никола Тесла, американски научник со српско потекло
- 13 јануари - Благој Страчковски, македонски народен херој, учесник во НОБ
- 28 март - Сергеј Василевич Рахманинов, руски пијанист, композитор и диригент
- 11 април - Лазо Трповски, македонски комунист од Егејска Македонија
- 21 април - Боро Петрушевски, македонски комунист и партизан (народен херој)
- 6 јуни - Пантелис Пулјопулос, грчки троцкист
- 13 јуни - Кочо Рацин, македонски поет и комунист
- 28 август - Борис ІІІ, бугарски цар
- 9 декември - Никола Парапунов, македонски комунист
Видете исто:
| „1943“ на Ризницата |