АВНОЈ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

АВНОЈ (срп./хрв. Антифашистичко веће народног сслобођења Југославије / Antifašističko vijeće narodnog oslobođenja Jugoslavije; сло. Antifašistični svet narodne osvoboditve Jugoslavije) била политичка организација на народноослободителниот комитет кој бил формиран на 26 и 27 ноември 1942 година во Бихаќ, под водство на комунистичкото движење во Југославија.

Зградата во која се одржало првото заседание на АВНОЈ
Одлуката од АВНОЈ

Содржина

[уреди] Прво заседание на АВНОЈ

По капитулацијата на југословенската војска на 17 април 1941 година, Југославија била поделена на свери помеѓу Германија, Италија, Унгарија и Бугарија. Како резултат на окупаторската политика на овие земји дошло до формирање на АВНОЈ под водство на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тоа се случило на 26 ноември 1942 година, каде на заседанието присуствувале комунистички претставители и некомунистички партизански војници, кои ја дале подршката на Јосип Броз Тито и тоа за:

• демократија • права на сите етнички групи • неприкосновеност на приватната сопственост • слобода на индивидуалната економска иницијатива на различните групи.

Во 1943 година Германија покренала нова офанзива за враќање на своите позиции на Балканскиот полуостров. Плашејќи се, дека од оваа инвазија би имало корист и од четничкото движење, основниот противник на комунистите во Југославија, партизаните ги нападнале силите на полковник Драгољуб Михаиловиќ и во текот на март ги победиле четниците во Херцеговина и Црна Гора.

Но, во мај германците, бугарите, италијанците и НДХ покренале напад против партизаните кај Сутјеска, но партизаните го избегнале опколувањето.

[уреди] Второ заседание на АВНОЈ

Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември 1943 во град Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи [1]. На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било:

• Создавање на федеративна Југославија, во која било планирано да живеат јужнословенските народи: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци.

•На Тито било додадено придавката Маршал на Југославија

На кралот Петар II Караѓоргевиќ му било забрането да се врати во својата земја сè додека за тоа не се одлучи на референдум

[уреди] Трето заседание на АВНОЈ

Третото заседание на АВНОЈ се одржало од 7 до 10 август 1945 година во Белград. На ова заседание, било изготвено антифашистичко собрание т.е. Повремено народно собрание. Во ноември 1945 година се провеле избори. Листата на Народниот фронт добил 96% од гласовите. На 29 ноември 1945 година Народното собрание го објавил создавањето на Федеративна Народна Република Југославија.


[уреди] Извори

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици