21 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
21 април е 111-иот ден во годината според григоријанскиот календар (112-и во престапна година). Остануваат 254 денови до крајот на годината.
Настани:
| 753 п.н.е. | Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим. |
| 1836 | Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила Мексиканските сили на генералот Антонио Лопез де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција. |
| 1944 | Жените во Франција добиле право на глас. |
| 1918 | Прва светска војна Германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот барон е погоден и убиен во небесна битка над Во сур Сом во Франција. |
| 1946 | Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна. |
| 1956 | Елвис Присли за прв пат е на прво место на топ-листите. |
| 1967 | Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните 7 години. |
| 1994 | Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД. |
Родени:
| 1729 | Катерина II Велика, руска императорка (по новиот календар 2.мај) († 1796). |
| 1816 | Шарлота Бронте, англиска писателка († 1855). |
| 1828 | Иполит Адолф Тен, француски историчар. |
| 1923 | Цвета Котевска, македонски преведувач. |
| 1926 | Елизабета II, кралица на Обединетото Кралство. |
| 1947 | Иги Поп, американски рок-пејач. |
| 1954 | Маја Оџаклиевска, македонска пејачка. |
| 1963 | Шефшет Адеми, македонски судија. |
| 1971 | Анвар ал Авлаки, член на Ал-Каеда. |
| 1972 | Северина Вучковиќ, хрватска пејачка. |
| 1980 | Гао Ји, кинеска кану-спринтерка. |
Починале:
| 1073 | Папа Александар II, римски папа. |
| 1509 | Хенри VII, англиски крал. |
| 1825 | Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус. |
| 1910 | Марк Твен, американски писател, еден од најголемите хумористи на своето време. |
| 1915 | Спиридон Михајлов, полковник во бугарската армија. |
| 1980 | Александар Опарин, руски биохемичар. |
| 1991 | Дургут Едиповски, македонски висок функционер. |
| 2010 | Хуан Антонио Самаранч, поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |