Генерал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Генерал (лат. generalis - главен)[1] е општ назив за воен офицер од највисок ранг чија употреба започнала во XVII век, во периодот кога започнало организирањето на професионални армии.

Во зависност од чинот, генералот може да командува со највисоките здружено-тактички воени единици, здружени оперативно-тактички групи или стратегиско-оперативни групации. Генералот може да раководи и со високи воени установи, родови, служби на вооружените сили и сл.

Во повеќето армии генералот е степенуван во 3-4 чина:

  • бригаден генерал
  • генерал мајор
  • генерал потполковник
  • генерал

Во некои армии постоеле или и денес постојат офицерски чинови и со повисок ранг од генералскиот, како што се: војвода, маршал, фелдмаршал, генералфелдмаршал, генералисимус и други.

На генералот во копнената војска му е соодветен чинот на адмирал во воената морнарица.

Генералски чинови
Генералски чинови во Армијата на Република Македонија
MacedonianArmyLogo.svg
Генерал
General-arm.png
Генерал потполковник
General potpolkovnik-arm.png
Генерал мајор
General major-arm.png
Бригаден генерал
Brigaden general-arm.png

[уреди] Наводи

  1. Generale, Free Online Dictionary, www.babylon.com
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици