Латински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Латински јазик
латински: Lingua latina
Rome Colosseum inscription 2.jpg
Изговор /laˈtiːna/
Застапен во

Италија Римска република, Римско царство, средновековна Европа, ерменско царство Киликија (as lingua franca),

Ватикан Ватикан
Јазично семејство
Италски
Статус
Службен во Ватикан
Регулативен орган Во антиката, римските школи по граматика и реторика.[1] Денес Opus Fundatum Latinitas.[2]
Јазични кодови
ISO 639-1 la
ISO 639-2 lat
ISO 639-3 lat
[[File:
Говорното подрачје на латинскиот јазик во 60 г. н.е.
|300px]]

Латинскиот јазик (Latīna, се изговара [laˈtiːna]) е стар индоевропски јазик кој се зборувал во Стариот Рим. Со римските освојувања јазикот се раширил низ целото Средоземје и голем дел од Европа. Постоел во два облика: класичен латински, за поезија и формална проза, и народен латински (вулгат), зборуван од народот. По падот на Римското царство и подемот на Римокатоличката црква, латинскиот станал универзален црковен јазик и лингва франка на образованите Европејци.

Јазикот опстоил 2.200 години, па околу 1600-тите полека почнал да се губи. Меѓутоа народниот латински се одржал: се подвоил во неколку регионални дијалекти, кои до 800-тите станале предците на денешните романски јазици.

Латинскиот живее и во облик на црковен латински кој се зборува во Римокатоличката црква. Латински зборови и денес се користат во науката, академството и правото. класичниот латински, книжевен јазик на доцната република и раното царство, сѐ уште се учи во многу основни и средни уличилишта и факултети, често заедно со старогрчки во рамките на Класичните студии, иако од раниот XX век неговата улога е намалена. Латиницата заедно со нејзините современи варијанти е најупотребуваната азбука на светот.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на латинскиот јазик.
Дуеношки натпис, од VI век п.н.е., еден од најраните старолатински текстови

Латинскиот спаѓа во групата на италски јазици и неговата азбука се базира на староиталската азбука, која пак е изведена од грчкото писмо. Во IX или VIII век п.н.е. латинскиот бил донесен на Апенинскиот полуостров од латините кои се отселиле и се населиле во Лациум, околу реката Тибар, каде се развила римската цивилизација. Во тоа рано доба латинскиот потпаднал под влијание на индоевропскиот етрурски јазик од северна Италија.

Иако зачуваната римска книжевност речиси сосема се состои од класичен латински, фактичкиот зборуван јазик во Западното Римско царство бил народниот латински, кој се разликувал од класичниот по граматика, вокабулар, и (подоцна) изговор.

Иако латинскиот останал правен и управен јазик на Римското царство, старогрчкиот станал доминантен јазик на образованата елита, бидејќи голем дел од философските дела кои тие ги изучувале биле од грчки (обично атински) автори. Во источната половина на Римското царство, кој потоа станал Византија по расцепот од Западното Римско царство во 395, старогрчкиот го заменил латинскиот како правен и управен јазик, а веќе долго време бил и народен јазик (кај сите класи).

Правопис[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Латиница.

За пишување на латинскиот јазик, римјаните ја измислиле латиницата, заснована на етрурската азбука, која пак самата се засновала на грчката. Латиницата денес живее во изменет облик во писмата на романските, келтските, словенските и германските јазици.

Старите Римјани не користеле знаци за интерпункција, меѓубуквен простор, или минускули (мали букви). Така, реченицата која оригинално се пишува:


PHILOSOPHIAESTARSVITAE;

во современо издание би била:

Philosophia est ars vitae;

а се преведува како:

Философијата е уметност на животот (или пак, уметност на живеењето).


Латинскиот јазик извршил длабоки влијанија врз подоцнежните култури, како што може да се види по оваа латинска Библија од 1407

Оставнина[уреди]

Ширењето на Римското царство значело и ширење на латинскиот јазик ширум Европа, па, подоцна, народниот латински почнал да се дијалектизира, зависно од локацијата на разните говорници. Така, тој потоа прераснал во низа романски јазици, процес кој траел до IX век. Многу векови овие биле само усни јазици, додека за пишување сѐ уште се користел латинскиот.

На пример, латинскиот сѐ уште бил официјален јазик во Португалија во 1296, кога бил заменет со португалскиот. Многу од овие јазици-„чеда“, вклучувајќи го италијанскиот, францускиот, шпанскиот, португалскиот, романскиот, каталонскиот, и ретороманскиот, доживеале подем, и разликите помеѓу нив со време станувале сѐ поголеми и поформални.

Од романските јазици, италијанскиот е најчист потомок на латинскиот во смисла на вокабулар,[3] иако сардинскиот е најконзервативен во смисла на фонологија.[4]

Во обид да се реконструира народниот латински, употребени се некои од разликите помеѓу класичниот латински и романските јазици. На пример, романските јазици имаат специфичен нагласок на извесни слогови, додека латинскиот ја имал оваа карактеристика, покрај специфичната самогласна должина. Кај италијанскиот и логудорскиот дијалект, покрај нагласок, постои специфична должина на согласките; во шпанскиот и португалскиот пак, постои само специфичен нагласок; додека во францускиот должината и нагласокот веќе не се јасни. Друга голема разлика помеѓу ромнанските јазици и латинскиот е тоа што сите романски јазици, освен романскиот, ги имаат изгубено падежните наставки во скоро сите зборови, освен кај некои заменки. Романскиот пак, се одликува со директни падежи (номинатив/акузатив), и индиректни падежи (датив/генитив), и вокатив, но лингвистите сметаат дека ова е иновација на балканска иновација.

Многу организации денес користат латински слогани.

Граматика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Граматика на латинскиот јазик.

Латинскиот е синтетички, флективен јазик: афикси (често наставки, кои обичнои содржат значење на повеќе од една граматичка категорија) се придодаваат на фиксен основи за изразување на род, број и падеж кај придавки, именки и заменки—процес наречен деклинација. Афиксите се придодаваат кон основите на глаголи, како и за назачување на лице, број, време, глаголски вид, глаголски начин и залог—процес наречен коњугацаја.

Именки[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Латинска деклинација.

Во латинскиот постојат шест главни деклинации (падежи) на именките. Овие се од големо значење бидејќи ја одредуваат улогата која именката ја игра во реченицата, па така зборовниот ред во латинсакиот не е така важен како кај други јазици. Во рамките на овие деклинации, зборовите во една реченица може да се преместуваат без значителна промена во смислата, но со ова го нагласуваме (подвлекуваме) тој дел од реченицата.

  1. Номинатив: кога именката е подмет.
  2. Генитив: кога именката е имател на подметот (на пр.: „коњот на човекот“, или „човековиот коњ“—во обата случаја, зборот човек би бил во генитив ако го преведема на латински). Ова исто така го назчалува материјалот од кое нешто поголемо е направенои (на пр.: „група луѓе“; „ред причини“—луѓе и причини би биле во генитив). Некои именки се исто така генитивни со специјални глаголи.
  3. Датив: кога именката е индиректен предмет, кога се користи со специјални глаголи, со извесни предлози, и ако се користи како посредник, или како повикување на нешто.
  4. Акузатив: кога именката е директен предмет, со извесни предлози, или како предмет на индиректен исказ.
  5. Аблатив: кога именката искажува одделување или движење од извор, причина, агент или инструмент, или кога именката се користи како предмет на извесни предлози; прилошки.
  6. Вокатив: кога именката се користи за директно обраќање (обично на лице, но не секогаш).

Глаголи[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Латинска коњугација.

Глаголите во латинскиот јазик обично се распознаваат по четирите главни коњугации—групи на зборови со слични флексивни форми. Првата коњугација се карактерзита со активните инфинитивни формки со наставката -āre, втората со активните инфинитиви -ēre, третата со инфинитивите со наставка -ere, а четвртата со активнити инфинитиви со наставка -īre. Меѓутоа од овие правила има и исклучоци. Во латинскиот оостојат шест општи времиња (сегашно, несвршено, идно, свршено, предминато, и идно свршено), четири глаголски начини (индикатив, инфинитив, заповеден и погодбен), шест лица (прво, второ и трето, секое во еднина и множина), два залога (актив и пасив), и неколку глаголски видови. Глаголите се опишуваат по четири основни форми:

  1. Првата основна форма е прво лице, еднина, сегашно време, и во индикативна начинска форма на глаголот.
  2. Втората основна форма е активната инфинитивна форма на глаголот.
  3. Третата основна форма е прво лице, еднина, свршено време, активна индикативна начинска форма на глаголот.
  4. Четвртата основна форма е супинската форма, или пак , партиципна форма, номинатив, еднина, свршено време, пасивна партиципна форма на глаголот. Четвртата основна форма може да прикаже или еден род од партиципот, или сите три рода (-us за машки, -a за женски и -um за среден). Може да биде и иден партицип кога тој глагол не може да се стави во пасива.

Поврзано[уреди]

Латински јазик[уреди]

Историски периоди[уреди]


Доба на латинскиот јазик
—75 п.н.е.    75 п.н.е. – 200    300 – 1300    1300 – 1600    1600 – 1900   1900 – денес
Старолатински    Класичен латински    Средновековен латински    Ренесансен латински   Новолатински    Жив латински
Видете исто така: Историја на латинскиот јазик, Латинска книжевност, Вулгарен латински, Црковен латински, Романски јазици


Белешки[уреди]

  1. „Schools“. Britannica (1911).
  2. Opus Fundatum Latinitas е орган на Римокатоличката црква, и го регулира латинскиот јазик како официјален на Црквата и Светата Столица, и католичките свештеници ширум светот.
  3. Применети јазични решенија: Латински
  4. Странски јазици: Италијански, поконкретно, „Сардинскиот впрочем има задржано многу архаични карактеристики од латинскиот јазик кои исчезнале од италијанскиот, како тврдиот звук 'k' кај зборовите како chelu, каде италијанскиот има cielo.“

Наводи[уреди]

  • Bennett, Charles E., Latin Grammar (Allyn and Bacon, Chicago, 1908)
  • N. Vincent: "Latin", in The Romance Languages, M. Harris and N. Vincent, eds., (Oxford Univ. Press. 1990), ISBN 0-19-520829-3
  • Waquet, Françoise, Latin, or the Empire of a Sign: From the Sixteenth to the Twentieth Centuries (Verso, 2003) ISBN 1-85984-402-2; translated from the French by John Howe.
  • Wheelock, Frederic, Latin: An Introduction (Collins, 6th ed., 2005) ISBN 0-06-078423-7
  • Frank Palmer. Grammar

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на латински јазик
Викикниги
Викикнигите имаат повеќе на оваа тема: