Картагина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Картагина била антички град и држава во Медитеранот. Градот Картагина се наоѓал во близина на денешниот град Тунис, главен град на државата Тунис. Картагинците веројатно потекнуваат од доселени феникијци кои тука основале населено место, веројатно во 9.век п.н.е. Во својот зенит, државата се протегала долж брегот на Северна Африка, од Либија до денешно Мароко, потоа по јужниот брег на Иберискиот Полуостров, и по островите Сардинија, Корзика и Сицилија.
Картагинците биле големи непријатели на Римјаните и воделе серија меѓусебни војни познати како Пунски војни за превласт во Медитеранот во текот на 3. и 2. век п.н.е.
Ривалитетот завршил со конечен пораз на Картагина од Рим по тригодишна опсада на градот во 146г.п.н.е. и целосно уништување на Картагина. Градот бил систематски запален и уништен, а целокупното население (околу 50.000) биле одведени во ропство.