Елџемски амфитеатар

Координати: 35°17′47.04″N 10°42′24.84″E / 35.2964000° СГШ; 10.7069000° ИГД / 35.2964000; 10.7069000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на амфитеатарот
Внатрешност на амфитеатарот

Елџемски амфитеатарримски амфитеатар во градот ел-Џем, Тунис и светско наследство на УНЕСКО во 1979 г.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Амфитеатарот е изграден во 238 г. во Тисдaр во римската провинција Африка, денес населба на ел-Џем. Се вбројува меѓу најдобро зачуваните римски рушевини во светот и е единствена од овој вид во денешна Африка. Сместувал 35.000 гледачи и има димензии од 148 на 122 м, што го прави еден од нејголемите во светот. Изграден е од камени блокови кои денес се исклучително добро запазени.[1] Елџемскиот амфитеатар е третиот по ред амфитеатар на истото место. Се смета дека е изграден од проконзулот Гордијан, подоцна цар Гордијан III. Во средниот век служел како тврдина и збег, каде населението се засолнувало од нападите на Вандалите во 430 г. и Арапите во 647 г. Во 1695 г. во текот на револуциите во Тунис, Мухамед-бег ел-Муради направил отвор во амфитеатарот за да го скрши отпорот на следбениците на неговиот брат, Али-бег ел-Муради, кои се утврдитле во него.[2] Се смета дека од крајот на XVIII и во XIX век во амфитеатарот се изработувала шалитра. Околу 1850 г. бегот Ахмед I го проширил отворот на 30 м. Во втората половина на XIX век, во градбата имало дуќани, живеалишта и склад за житарки.[3]

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

Во амфитеатарот се снимани сцени во филмовите Житието на Брајан според Монти Пајтон (1979) и Гладијатор (2000).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Amphitheatre of El Jem“. UNESCO. Посетено на 5 May 2016.
  2. Nossov, Konstantin (2011). Gladiator: The Complete Guide to Ancient Rome's Bloody Fighters. Rowman & Littlefield. стр. 129–130. ISBN 9780762777334.
  3. Bomgardner, David L. (2013). The Story of the Roman Amphitheatre. Routledge. стр. 150–151. ISBN 9781134707393.

35°17′47.04″N 10°42′24.84″E / 35.2964000° СГШ; 10.7069000° ИГД / 35.2964000; 10.7069000