Тунис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Тунис
الجمهوريةالتونسية
al-Jumhūriyya at-Tūnisiyya
République de Tunisie
Знаме Coat of Arms
Геслоحرية، نظام، عدالة (Hurriya, Nidham, 'Adala)
"Слобода, Ред, Правда"[1]
Химна„Бранителите на домовината“ (Хумат ал-Хима)

Местоположба на Тунис во Северна Африка
Местоположба на Тунис во Северна Африка
Местоположба на Тунис во Северна Африка
Главен градТунис
36°50′N 10°9′E / 36.833° СГШ; 10.150° ИГД / 36.833; 10.150
Најголем град Тунис
Службен јазик арапски[2] (де јуре)
француски (де факто)
Демоним Tунижани

(Tунижанец/Tунижанка)

Уредување Република[2]
 •  Претседател Мохамед ен-Насер (в.д.)
 •  Премиер Јусеф Шахед
Независност
 •  од Франција 20 март 1956 
Површина
 •  Вкупна 163.610 км2 (92-ра)
 •  Вода (%) 5.0
Население
 •  проценка за 1 јули 2008 г. 10,327,800[3] (79-та)
 •  Попис 2004 9,910,872[3] 
 •  Густина 63 жит/км2 (133- та (2005))
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $82.226 милијарди[4] 
 •  По жител $7,962[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $40.348 милијарди[4] 
 •  По жител $3,907[4] 
Џиниев коеф. (2010)36.1[5]
среден
ИЧР (2013)0.721[6]
висок · 90та
Валута Туниски динар (TND)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .tn
Повик. бр. 216

Тунис — држава во Северозападна Африка. Главен град е Тунис.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот Тунис е изведен од градот Тунис, кој е престолнина на земјата. Сегашната форма на името, со латинскata наставка -ia, произлегува од француското именување на земјата Tunisie. Ова име било додадено од страна на француските географи и историчари, како дел од нивните напори да се даде француско име на окупираните територии и протекторати. Француското име било усвоено и воведено во употреба од страна на некои европски земји, со мали модификации. Шпанскиот назив на земјата (Túnez) нема голема употреба. Сепак, во некои случаи, ова се употребува за разграничување на самиот назив на земјата од нејзиниот главен град. За потеклото на името Тунис постојат повеќе мислења. Според едно, тоа се поврзува со феникиската божица Тунит, античкиот град Тунес.

Историја[уреди | уреди извор]

Според археолошките истражувања, територијата на денешен Тунис била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град Гафса била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стара повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во неолитскиот период на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, Сахара имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис бил населен од берберски племиња.

Антика[уреди | уреди извор]

Остатоците од античкиот град Доуга.

На територијата на Тунис од страна на фенекиските населеници се развила голема трговска мрежа, главно по Средоземното Море и Гибралатарскиот теснец. Една од најважните бази кои биле формирани е Картагина, основана во 814 п.н.е. Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на Пигмалион.

Во периодот од 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е., Картагина започнала да се одвојува од старогрчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на Северна Африка и делови од Средоземно Море. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на 3 век п.н.е. Картагина станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното Море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта.

Пунските војни, владеењето на Рим и среден век[уреди | уреди извор]

По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република, единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Средоземјето им останал Картагина. Поради ова, во 264 п.н.е. започнале т.н. Пунски војни. Првата пунска војна се водела главно во Сицилија. Војната траела до 241 п.н.е. По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Втората пунска војна водена помеѓу 218 п.н.е. и 201 п.н.е.[7] во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач Ханибал во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на Скипион Африканецот. По Третата пунска војна, Рим целосно ја уништил Картагина во 146 п.н.е. Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во 44 п.н.е. Јулиј Цезар одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на Октавијан Август, неколку децении подоцна. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.

христијанството се појавило во Тунис и Магреб во текот на 2 век. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од Европа. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на 3 век. Африканската црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во 4 век еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на 429 година, вандалскиот крал Гејсерик со својата војска го преминал Гибралтарскиот теснец. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во 530 година тие биле поразени од страна на византискиот цар Јустинијан I, кој до 533 година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, Византија не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради берберските напади.

Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон 647 година. Византија била поразена. Во 661 година бил заземен Бизерта. Во 698 година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во 800 година била основана династија Аглабида која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал Керуан. Била основана голема морска флота. Во почетокот на 10 век била основана династијата на Фатимидите. Во 921 година бил основан градот Махдиа и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во 948 година била заземена Сицилија. Во 972 година тие својата престолнина ја преместиле во Египет. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на 11 век, кога еден владетел добил од абасидскиот калиф статус на заповедник на целиот Магреб.

Османлиско владеење, француска ера, Втора светска војна и независност[уреди | уреди извор]

Првиот претседател на Тунис, Хабиб Бургиба оддава почит на националното знаме на Тунис.

Во текот на 16 век Тунис паднал во рацете на Османлиското Царство. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во 1869 година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи Франција, Италија и Велика Британија кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во 1881 година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала француски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата.

Својата независност Тунис ја извојува на 20 март 1956 година. Прв претседател станува Хабиб Бургиба. Во ноември 1987 година докторите го прогласуваат Бургиба за неспособен да владее, по што, преку мирен пуч, премиерот Зин Ел Абидин Бен Али станува претседател. Тој владее со Тунис 23 години, до јануари 2011 година, кога ја напушта земјата, под притисок на јавното незадоволство од неговото владеење.

Географија[уреди | уреди извор]

Тунис опфаќа територија од 163.610 км2, што го прави најмалата држава во Магреб. На исток земјата се граничи со Либија, на запад со Алжир, на север и северозапад со Средоземно Море. Релјефот на Тунис е доста различен од вообичаениот во регионот. Земјата има релативно голема крајбрежна линија (1.298 км). Третина од површината на север е зафатена од Атласките планини. Највисок врв е Џебел Шамби (1.544 m), а просечната надморска височина е околу 700 m. Пустината Сахара, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, опфаќа околу 40% од територијата на Тунис.

Најголема река е Меџерда, која се влева во Тунискиот Залив. Најважните природни ресурси се нафта, фосфати, железна руда, олово, цинк, сол и обработливо земјиште.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Тунис е под големо влијание од Средоземно Море и од пустината Сахара на југ. Ова означува да во северниот дел од земјата климата е суптропска средоземна, а во јужниот пустинска. Карактеристилно за средоземната клима е влажната зима и исклучителното топло лето.

Годишниот број на врнежите варира во текот на целата година, во зависност од регионот, и тоа:

  • околу 1.000 mm на север
  • околу 380 mm во централниот дел
  • околу 300 mm на југ

Летото во земјата се одликува со високи температури на југ, кои варираат во зависност од местото, надморската висина и близината со морето. Средните температури за целата земја се движат од 12° С во декември до 30 °C во јули. Земјата се одликува со голем број сончеви денови (околу 3000 часа годишно). Во Тунис се можни големи температурни амплитуди, при кое во планинските подрачја во зимскиот период паѓа до 0° С, а до 50° С во текот на летото во пустинските краишта. Тунис има голем излез на Средоземното Море — брегот му е долг од 1.250 километри.

Средни температури
температура јануари февруари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември
минимална 8 °C 8 °C 9 °C 11 °C 14 °C 18 °C 21 °C 22 °C 20 °C 17 °C 12 °C 9 °C
максимална 16 °C 17 °C 19 °C 21 °C 26 °C 30 °C 34 °C 34 °C 30 °C 26 °C 21 °C 17 °C

Политички систем[уреди | уреди извор]

Претседателот на Тунис се бира на секои пет години, на претседателски избори. Претседателот може да биде избиран неограничено, но под услов да има помалку од 75 години. Зин Ел-Абидин Бен Али на тоа место бил избран во 2004 година. Земјата во поновата историја имала само два претседатели: Бен Али и претходно Хабиб Бургиба (1957 - 1987). Премиери на земјата биле Бахи Ладхам, Хеди Нуир, Мохамед Мзали, Рашид Сфар и Зие Ел-Абидин Бен Али и Бен Али. Законодавната власт се состои од Долен дом, составен од 189 пратеника, и Горен Дом од 112 членови.

Денешниот устав бил прогласен во 1959 година, три години по прогласувањето на независноста на земјата. Сепак на двапати тој претрпел промени, и тоа во 1988 година, кога биле ограничени бројот на претседателските мандати, и во 2002 година кога бил одржан референдум за укинување на ограничувањето на претседателскиот мандат. РЦД е моменталната партија на власт во земјата, која владее веќе 25 години. Сепак, во поголемиот дел од тие години таа била единствената легална партија. Денеска во земјата има шест опозициски партии, кои заземаат 20% од пратеничките места во парламентот.

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Зин Ел-Абидин Бен Али

Првиот претседател на земјата, Хабиб Бургиба, во текот на Студената војна, земјата ја ставил на страната на неврзаните, одржувајќи добри односи со Европа и САД. Неговиот наследник, Зин Ел-Абидин Бен Али, исто така ги одржувал добрите односи со западните земји, и активно учествувал во соработката со арапските и африканските земји. Земјата на неколкупати ја помагала Палестина и други арапски и муслимански земји во време на криза, како на пример Либан во 2006 година, по израелската инвазија на земјата, и Индонезија по 2004 година, и настанатото катастрофално цунами. Од 1985 година, Тунис е член на Арапската лига и една од основачите на Африканската лига, со која претседавал од 1994 до 1995 година, и учествувал во основањето на Африканската унија во 2002 година. Земјата исто така се потпира и за развојот на Магрепската унија, во која членуваат уште и Алжир, Мароко, Мавританија и Либија. Развојот на оваа унија е во знак прашање ако се има предвид недоразбирањата на Мароко и Алжир околу Западна Сахара.

Земјата се наоѓа помеѓу Алжир и Либија, и постојано настојува да одржува добри односи со своите соседи. Со Алжир земјата во 1993 година го решил граничниот спор и започнале изградба на гасовод преку Средоземно Море во Италија. Исто така, неодамна бил потпишан и договор со Алжир за развој на поморските односи помеѓу двете земји, Односите со другиот сосед се малку потешки, за разлика со Алжир. Ова најмногу се должи на одбивањето на земјата за основање на Туниско-либијска унија во 1974 година. Диплоиматските односи повторно биле нарушени кога Либија се обидела во 1976, 1977 како и во 1980 година да го заземат градот Гафса. По започнувањето на конфликтот со САД, односите повторно се затегнале во 1985 година. Тунис ја почитувал одлуката за санкции на Либија, по кое започнале и воздушни напади врз земјата. Во 2003 година кон Либија биле укинати санкциите, а по ова земјата повторно станала голем трговски партнер на Тунис. Сепак, двете земји сè уште имаат нерешени прашања околу поморската граница.

Тунис активно учествувал на Средоземниот форум, кој во 2005 година се одржал во неговата престолнина. Таа била првата земја која потпишала трговски договор со ЕУ. Со својот најблизок сосед од Европа, Малта, моментално преговара околу искористувањето на нафтата која се наоѓа помеѓу овие две земји.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Административна поделба на Тунис

Тунис се дели на 24 вилаети:

1. Аријана
2. Беџа
3. Бен Арус
4. Бизерта
5. Габес
6. Гафса
7. Џендуба
8. Кајруан
9. Касерин
10. Кебили
11. Кеф
12. Махдија

13. Мануба
14. Меденин
15. Монастир
16. Набел
17. Сфакс
18. Сиди Бузид
19. Силијана
20. Сус
21. Татавин
22. Тозер
23. Тунис
24. Загван

Вилаетите се поделени на региони кои се нарекуваат мутамадии, кои пак се делат на општини кои се викаат шајхати[8] и имадати[9]

Најголеми градови[уреди | уреди извор]

Бр. Град Население Вилает
1
Тунис
983.861[10]
Тунис
2
Сфакс
855.256 [11]
Сфакс
3
Сус
544.413 [12]
Сус
4
Кајруан
546.209 [13]
Кајруан
5
Етадамен [14]
422.246 [15]
Аријана
6
Габес
342.630
Габес
7
Бизерта
114.371
Бизерта
8
Аријана [14]
97.687
Аријана
9
Гафса
84.676
Гафса
10
Ел Муруџ [14]
81.986
Бен Арус

Стопанство[уреди | уреди извор]

Централна банка на Тунис

Главни стопански гранки си кои се занимава населението на Тунис се селското стопанство, занаетчиството, туризам. Главен економски центар е престолнината Тунис, каде се наоѓаат најголемиот дел од фабриките. Осве тоа, развиени гранки се и металургијата, кожарството и производството на храна.

За разлика од соседите, територијата на Тунис во поголемиот дел од е обработлива. Најплодни територии се оние покрај крајбрежјето, каде е распространета суптропската клима. Овој регион е погоден за земјоделство, но сепак во летно време честопати високите температури причинуваат големи проблеми. Основни земјоделски култури се производство на јачмен, пченица, овез, како и лимони, портокали, мандарини, потаа маслинки итн.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Во текот на својата историја, главно поради својата местоположба, со овие простори владееле најразлични цивилизации, од Фенекијците, Картагените, Старите Римјани, Вандалите, Арапите, Отоманците и Французите. Сите владетели глобално го колонизирале просторот, кое означува дека на неколкупати етнилчкиот состав на Тунис се менувал. Сепак, се смета дека Берберите се најстаро племе или народ којшто живее денес во Тунис.

Исто така, по крајот на Реконквистата и протерувањето на голем број на нехристијанско население од територијата на новосоздадената Шпанија, голем број од нив, главно Маври и Евреи, се населиле на овие простори, во текот на 14 век. Покрај тоа, од крајот на 1800-тите до Втората светска војна, Тунис бил дом на голем број на Французи и Италијанци (255.000 Европејци во 1956)[16].

Мнозинството (98%)[17] од денешното население на земјата се сметаат за Арапи или Бербери,[18] и зборуваат на арапски јазик. Сепак, постои исто така и една мала група (1%) [19] население која живее во југоисточниот дел од земјата и кои се сметаат како директни потомци на старите Бербери, кои зборуваат на берберски јазици.

Една мала европска популација (1%) се состои претежно од Французи и Италијанци, како и еврејска популација. Во 1948 година, еврејската популација броела околу 105.000, но до 2003 година во земјата останале само околу 1.500 Евреи.[20]

Според податоци од 2006 година, населението на Тунис брои 10.327.800 луѓе.

Религија[уреди | уреди извор]

Религија во Тунис
религија пороцент
Муслимани
  
98 %
Христијани
  
1 %
Останати
  
1 %

Според уставот на Тунис, исламот е прогласена како официјален на територијата на целата земја, и се бара претседателот да биде муслиман. Сепак, во земјата се почитуваат и негуваат и останатите религии, каде според уставот се гарантира слободата на нечија религија.[21]

Мнозинството од населението во Тунис (98%) се муслимани, 1% го следат христијанството, а остатокот (1%) се придржуваат кон јудаизмот или други религии[22]. Меѓутоа, не постојат сигурни податоци за бројот на муслиманите.

Тунис има прилично голема христијанска заедница од околу 25.000 приврзаници, главно католици (20.000) и во помал степен протестанти. Јудаизмот е трета по големина религија со 1.500 членови. Една третина од еврејската популација живее во и околу главниот град. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години[21].

Јазик[уреди | уреди извор]

Пишаниот арапски јазик е службен јазик во земјата, но исто така во голема мера се користи и тунискиот арапски јазик, кој е локален народен јазик. Овој јазик се зборува во Тунис од страна на околу 11.000.000 луѓе. Овој јазик во Тунис се зборува насекаде. Многу е сличен со алжирскиот арапски и либискиот арапски јазик. Но, неговата морфологија, синтакса и речник многу се разликува од стандардниот арапски јазик. Исто така, во земјата се зборуваат и берберски јазици.[23]

Главно поради француската окупација, денеска францускиот исто така игра голема улога во културниот живот на населението, и покрај тоа што нема официјален статус. Тој е широко користен во образовните институции, печатот и бизнисот. Голем број од населението го познава односно го зборува тој јазик. Поради блискоста со Италија, во земјата се зборува и италијанскиот јазик.

Култура[уреди | уреди извор]

Туниската култура се состои од мешавина на најразлични народи кои живееле низ историјата на овие простори, како пунска, арапска, туркс, африканска, европска и исламска култура. Самите најпознати градби сведочат за мешавината на културата на овие простори.

Музика[уреди | уреди извор]

Туниската музика е подложена на арапската, андалуската и западната музика. Најпознат туниски жанр е малуф. Класичната арапска музика се свири со традиционалени инструменти, како дарбука и уд, или пак мезуед. Меѓу најпознатите пејачи на Тунис се Шеик Ел Африт, Мохамед Јамуси и Хабиба Мсика, а најпознати музичари се Ануар Брахем или Амина Срарфи. Во земјата е многу популарна и музиката од друѓите арапски земји, пред сè од Египет, Либан и Сирија. Во последно време, голема популарност бележи и западната музика.

Спорт[уреди | уреди извор]

Најпопуларен спорт во Тунис е фудбалот. Фудбалската репрезентација, исто така познат како "Бурмата од Картагина" го освоил во 2004 година Африканскиот куп на нации кој се одржал во Тунис. Земјата учествувала и во Купот на конфедерации во 2005 година во Германија, каде не успеале да ја минат групната фаза од натпреварувањето. Земјата на четири пати учествувала на светските првенства, во 1978, 1998, 2002 и 2006. Ниту еден пат не успеала да ја помине првата рунда.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [„Article 4“, Tunisia Constitution, 1957-07-25, Архивирано од (арапски)%5b%5bКатегорија:Статии со надворешни врски на арапски%5d%5d изворникот Проверете ја вредноста |contribution-url= (help) на 2006-04-06, Посетено на 23 декември 2009 (арапски) „Article 4“] Проверете ја вредноста |contribution-url= (help), Tunisia Constitution, 1957-07-25, Посетено на 23 декември 2009 templatestyles stripmarker во |contribution-url= во положба 1461 (help)
  2. 2,0 2,1 [„Article 1“, Tunisia Constitution, 1957-07-25, Архивирано од (арапски)%5b%5bКатегорија:Статии со надворешни врски на арапски%5d%5d изворникот Проверете ја вредноста |contribution-url= (help) на 2006-04-06, Посетено на 23 декември 2009 (арапски) „Article 1“] Проверете ја вредноста |contribution-url= (help), Tunisia Constitution, 1957-07-25, Посетено на 23 декември 2009 templatestyles stripmarker во |contribution-url= во положба 1461 (help) Translation by the University of Bern: Tunisia is a free State, independent and sovereign; its religion is the Islam, its language is Arabic, and its form is the Republic.
  3. 3,0 3,1 „National Statistics Online“. National Statistics Institute of Tunisia. јули 2008. Архивирано од изворникот на 2006-12-05. Посетено на 7 јануари 2009. (арапски)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Tunisia“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  5. „GINI index“. World Bank. Посетено на 19 January 2013.
  6. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  7. Chris Scarre, "The Wars with Carthage," The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome (London: Penguin Books, 1995), 24-25.
  8. „Tunisia Governorates“. Statoids.com. Посетено на 2010-05-02.
  9. Portail de l'industrie Tunisienne Архивирано на 6 јануари 2013 г., in French
  10. 3.980.500 во поширокото градско подрачје
  11. „Mongabay.com, population of Sfax“. Архивирано од изворникот на 2011-01-28. Посетено на 2009-10-09.
  12. „Mongabay.com, population of Sousse“. Архивирано од изворникот на 2011-01-03. Посетено на 2009-10-09.
  13. „Mongabay.com, population of Kairouan“. Архивирано од изворникот на 2011-01-28. Посетено на 2009-10-09.
  14. 14,0 14,1 14,2 Part of Tunis metropolitan area
  15. „FITA, population of At Tadaman“. Архивирано од изворникот на 2010-12-26. Посетено на 2009-10-09.
  16. "Contours of the world economy, 1-2030 AD: essays in macro-economic history". Angus Maddison (2007). Oxford University Press. стр. 214. ISBN 0-19-922721-7
  17. Tunisia. Архивирано на 16 октомври 2012 г. CIA World Factbook.
  18. Columbia Gazetteer Архивирано на 2 октомври 2008 г.}}
  19. Q&A: The Berbers. BBC News. March 12, 2004.
  20. The Jews of Tunisia. Jewish Virtual Library.
  21. 21,0 21,1 Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (2008). „International Religious Freedom Report 2008“. US State Department. Наводот journal бара |journal= (help); |contribution= е занемарено (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  22. „CIA - The World Factbook -- Tunisia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-16. Посетено на 2010-10-02.
  23. Gabsi, Zouhir (2003) 'An outline of the Shilha (Berber) vernacular of Douiret (Southern Tunisia)', UWS.edu.au Архивирано на 26 мај 2008 г.