Вилает

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Вилает е турски збор, административна територијална единица што зафаќа повеќе општини. Управителот на вилаетот се викал валија и имал ранг на паша, што е еднакво на генерал во војската.

Во Европска Турција имало шест вилаети: два на запад, населени претежно со Албанци: Јанински вилает и Скадарски вилает, еден на исток: Едренски вилает и три во Македонија: Солунски вилает, Битолски вилает и Скопски вилает. Цариград претставувал одделен округ.

Еден голем вилает бил поделен на два или три санџаци, чиј управител се нарекувал мутесариф, кој исто така има ранг на паша. Помала единица од санџакот е каза, управувана од кајмакам, кој има ранг на бег и е еднаков на полковник во војската. Најмала територијална единица е нахија, управувана од мудир.