Битолски вилает

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ولايت مناستر
Vilâyet-i Manastır
Вилает во Османлиска империја

1864–1912
 

 

Локација на Битолски вилает
Вилаетот во 1900 година
Главен град Битола[1]
Историја
 -  Основана 1864
 -  Распадната 1912
Население
 -  1911[2] 1.069.789 
Денеска дел од  Албанија
 Македонија
 Грција
Карта на Битолскиот вилает од 1907 година

Битолскиот вилает (отомански турски: ولايت مناستر, турски: Vilâyet-i Manastır) бил административно-управна единица во рамките на Османлиската империја со седиште во Битола, формиран во 1873 година, со повремени територијални промени.

На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде.

Кога бил формиран вилаетот го опфаќал речиси целиот Вардарски дел и западната територија од Егејскиот дел на Македонија, навлегувал длабоко на територијата на Албанија, а со помал дел и на грчка територија. Се простирал на територија од околу 32.000 km2. На север граничел со Косовскиот вилает, на исток и југоисток со Солунскиот вилает, на југ со Кралството Грција, на југоисток со Јанинскиот вилает и на запад и северозапад со Скадарскиот вилает.[3][4][5][6]

Кон крајот на 19 век вилаетот имал помеѓу 800.000 и 900.000 жители, а во 1908 година тој број пораснал на 1.000.576 жители.

Територијално-административна поделба[уреди]

Во 1875 година во негов состав влегувале санџаците:

  1. Битолски санџак со казите: Битола, Корча, Прилеп, Охрид, Костур, Кожани, Населица (Анаселица), Лерин, Серфиџе, Кичево и Колоња.
  2. Призренски санџак со казите: Призрен, Тетово, Приштина, Ѓаково, Пеќ, Гнилане, Вучитрн и Гусиње.
  3. Скадарски санџак со казите: Скадар, Подгорица, Тирана, Каваја, Акче Хисар (Круја) и Леш.
  4. Скопски санџак со казите: Скопје, Кумоново, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
  5. Дебарски санџак со казите: Горен Дебар, Елбасан, Долен Дебар и Мат.

Со формирањето на Скадарскиот вилает во 1876 година, од Битолскиот вилает бил одвоен Скадарскиот санџак, а со формирањето на Косовскиот вилает (во 1877 година), од Битолскиот вилает биле одземени казите од Источна Македонија и од Косово, кои влегле во состав на новоформираниот Косовски вилает.

Во 1878 година Призренската лига излегува со предлог Скадарскиот, Јанинскиот, Косовскиот и Битолскиот вилает да се обединат во еден Албански вилает.

Во 1912 година во состав на Битолскиот вилает влегуваат: Битолскиот, Дебарскиот, Елбасанскиот, Корчанскиот и Сервијскиот санџак.[7]

Расформирање[уреди]

Битолскиoт вилает за време на Првата балканска војна, 1912 година е окупиран и поделен помеѓу Кралството Грција, Кралството Србија и Кнежеството Албанија, со што и престанал да постои.

Битолски револуционерен округ[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битолски револуционерен округ.

Битолскиот револуционерен округ како дел од структурата на Македонската револуционерна организација делувал на територијата на Битолскиот вилает. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен револуционерен округ, масовно востанал во екот на Илинденското востание. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонскиот комитет и Српското четничко движење, борбите траеле се до Младотурската револуција. Револуционерниот округ постоел од 1894 до 1908 година.

Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманската империја. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата веќе била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.

Референци[уреди]

  1. Encyclopaedia Britannica 1911 Edition, Monastir.
  2. Teaching Modern Southeast European History. Alternative Educational Materials, p. 26
  3. Die Provinzen des Osmanischen Reiches von Andreas Birken, Wiesbaden, 1976
  4. Uredba o organizaciji vilajeta 1867 godine, Prilozi za orijentalnu filologiju, XII-XII/1962, br. 3
  5. Orijentalni institut u Sarajevu, Sarajevo, 1965
  6. Кратка историја Битољског вилајета. Превео Глиша Елезовиќ, „Братство“ XXVII, 43, Београд, 1933.
  7. Ottoman Provinces before 1908.