Солунски вилает
Солунскиот вилает, (турски: Selanik Vilayeti), бил административно-управна единица во Османлиската империја, формирана во јуни 1867 година, со центар во Солун. Егзистирал во периодот меѓу 1867 - 1912 година.
Содржина |
Население [уреди]
Во 1885 година во него живееле околу еден милион жители, од кои 51% биле муслимани, 45% христијани и околу 4% Евреи. Според Васил Иванов К’нчов Солунскиот вилает имал 1 164 539 жители. Од нив 454 180 души биле Бугари - христијани [белешка 1] , 97 620 Бугари - муслимани, 311 103 Турци, 1987 Черкези, 153 821 Грци - христијани, 920 Грци - муслимани, 28 949 Власи, 59 940 Евреи, 34 098 Роми и 20 710 разни [1]. Врз основа на овие податоци, македонските историчари заклучиле дека во Солунскиот вилает живееле 551 800 Македонци [2][белешка 2]. Од нив 454 000 биле христијани, а 97 620 биле муслимани.
Административна поделба [уреди]
Во почетокот бил составен од санџаците: Солун, Трикала, Серез и Драма. Сe до формирањето на Битолскиот (1873) и Косовскиот (Скопскиот) вилает (1877), во негов состав повремено влегувале и санџаците: Битола, Дебар, Елбасан и Скопје. Во последната деценија на 19 век, Солунскиот вилает ја опфаќал јужна и источна Македонија и се состоел од три санџаци: Солун, Серез и Драма и 26 кази.
Во состав на санџакот Солун влегувале вкупно 14 кази:
- Солун со нахиите Вардар и Каламарија, Ениџе Вардар со нахијата Караџа Абад, Бер со нахијата Агустос (Негуш), Катерини, Воден со нахиите Караџа Абад и Острово, Тиквеш, Велес со нахијата Богомила, Струмица, Дојран, Гевгелија, Аврет Хисар (Кукуш) со нахијата Кара Даг, Лагадинска, Касандра со полуостровот Халкидик и Света Гора со 30 манастири.
Санџакот Серез бил составен од 8 кази:
- Серез, Зихна, Демир Хисар, Петрич, Мелник, Неврокоп, Разлог, Горна Џумаја,
Санџакот Драма бил составен од 4 кази:
Белешки [уреди]
- ↑ Во однос на процентуалната застапеност на населението, К’нчов е по објективен во однос на другите извори, меѓутоа Македонците кај него се во графата Бугари
- ↑ Според Александар Амфитеатров во 1901 година во Солун живееле Словени-Македонци, Срби, Бугари, Грци, Албанци, Турци и др. Дека Македонците националисти се надеваат да видат во Солун нов Белград, нова Софија - претстолнина на својата идна автономија, види „Земја на раздорот“, I, II и III глава, „Земја на раздорот“, IV, V и VI глава, прилози.
Извори [уреди]
- ↑ Македонија. Етнографија и статистика
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903
Литература [уреди]
- Die Provinzen des Osmanischen Reiches von Andreas Birken, Wiesbaden, 1976
- Аhmed Alicic, Uredba o organizaciji vilajeta 1867 godine, „Prilozi za orijentalnu filologiju, XII - XIII/1962/63, Sarajevo, 1965
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||