Мелник
Бугарија
Мелник (бугарски: Мелник) е град во општина Сандански, во крајниот југозападен дел на Бугарија, Благоевградска област (Пиринска Македонија).
Местото се наоѓа во долината на реката Струма во наjзападните ридови на планината Пирин. Во минатото Мелник имал голем број на жители и бил административен центар и има големо историско значење, поради што до ден денес се смета за град иако има само 274 жители.
Денес градот е познат со неговите пирамиди од песок, како архитектонски резерват од доцниот Среден Век и од 18 и 19 векови, со блискиот Роженски манастир, а исто и како центар на произведување и дегустирање на вино и туристичка дестинациjа.
Пред Балканските војни мнозинството од населението на градот било претежно грчко, но се иселило по останувањето на реонот во границите на Бугариjа. Статистичките податоци, наведени од Васил Канчов во краjот на 19 век, се: 2650 Грци, 950 Турци, 500 Бугари христиjани, 200 Цигани, 30 Власи, или општо 4330 граѓани.[1]
- Анастасиос Палатидис (1788 — 1848), грчки научник и лекар
- Анастасиос Полизоидис (1802 — 1873), грчки револуционер и политичар
- Василиос Теофанус (1895 — 1984), грчки композитор и диригент
- Емануил Васкидовиќ (1795 — 1875), бугарски просветен деец
- Иван Анастасов Грчето (1880 — 1905), бугарски револуционер
- Манасис Илиадис (1730 — 1805), грчки научник и лекар
- ↑ Василъ Кѫнчовъ, "Македония. Етнография и Статистика", изд. Бълг. Книжовно Д-во, София, 1900, дел II Статистика, глава 18. Мелнишка Каза. (бугарски)
Надворешни врски[уреди]
- Слики од Меник на страницата www.pbase.com/ngruev.