Петрич

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Petrich01.jpg

Петрич

Бугарија Бугарија

Површина ? 2
Население 35 134
(според 2006)
Регистарска ознака Е (BG)
Административна поделба Благоевградска област
Градоначалник Вељо Илиев (ОДС)
Надморска висина 168 m
Веб-сајт www.bl.government.bg
Координати: 41° 24′ С, 23° 13′ И

Petrich location in Bulgaria.png

Петрич (бугарски: Петрич) е град во југозападна Бугарија. Се наоѓа во Благоевградска област (историско-географскиот регион Пиринска Македонија). Тоj e центар на истоимената општина. Општината има 55 населени места со вкупно население од 62 924 жители. Според податоци од 2006 година во градот Петрич живеат 35134 жители.

Градот е сместен во Петричкото поле северно од планината Беласица, а во негова близина се наоѓаат и с. Рупите и храмот Св. Петка на познатата пророчка Ванѓа и Самуиловата тврдина во с. Клуч (Петричко). Во близината на градот се наоѓаат и 2 гранични премини: Златарево кон Република Македонија и Кулата кон Република Грција. Се до влегувањето на Бугарија во ЕУ, Петрич претставуваше важен трговски центар за граѓаните од Македонија кои во Петрич се снабдуваа со разна евтина стока.

За прв пат градот се споменува во 1379 година во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш . Во 1857 година е изградена црквата „Успение на Богородица“, а во 1868 година црквата „Св. Никола“. Во периодот 1913 - 1925 година во градот се доселиле голем број бегалци од Егеjскиот и Вардарскиот дел на Македониjа. На првиот и вториот попис во НР Бугарија во 1946 и 1956 година, процентот на Македонци во Петрич и Петричко се движел од 90% - 95%.[се бара извор]

[уреди] Спорт

На Градскиот стадион "Цар Самоил" во Петрич игра ФК „Беласица“. Фудбалот во Бугарија започнал да се развива во почетокот на XX век. ФК "Беласица" бил формиран 1920 година, претходно се нарекувал "Мануш војвода", "Л. Весов", "Македонија", "Илинден" и "Динамо", од 1957 година го добива името "Беласица". Дел е од А група од 1980 до 1984. Во бугарската Прва Лига е во сезоната 2004/2005.

[уреди] Познати личности


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици