Воден
| Воден Έδεσσα |
|
|---|---|
Водопадите во Воден |
|
| Локација | |
| Координати | 40°48′N 22°3′E / 40.8°N 22.05°EКоординати: 40°48′N 22°3′E / 40.8°N 22.05°E |
| Часовен појас: | EET/EEST (UTC+2/3) |
| Надм. вис. (средна): | 320 m |
| Управување | |
| Држава: | Грција |
| Периферија: | Централна Македонија |
| Префектура: | Постол |
| Статистики за населението (од 2001[1]) | |
| Град | |
| - Население: | 18.253 |
| - Површина:[2] | 38,9 км² |
| - Густина: | 469 жит/км² |
| Oпштина | |
| - Население: | 25.619 |
| - Површина: | 321,2 км² |
| - Густина: | 80 жит/км² |
| Ознаки | |
| Пошт. бр.: | 582 00 |
| Повик. бр.: | 23810 |
| Таблички: | ΕΕ |
| Мреж. место | |
| www.edessacity.gr | |
Воден (грчки: Έδεσσα, до 1923: Βοδενά) е град во Егејска Македонија, денес северниот дел на Република Грција, северозападно од Солун, или поточно во префектурата Постол, со 18.253 жители (2001). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади, кои се голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња.
Содржина |
[уреди] Демографија
Кон крајот на 19 век, Воден е град со мешано македонско и турско население. Христијанското население било разделено меѓу Бугарската Егзархија и Цариградската Патријаршија. По податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев, во 1905 година во Воден имало 3.600 Бугари-егзархисти и 6.280 Бугари-патријаршисти (гркомани), 30 Власи и 270 Роми. Во градот функционирале три школи на бугарски јазик (две основни и едно прогимназијално) и три грчки (две основни и едно прогимназнијално).[3]
[уреди] Македонците во Воден и воденско
Во градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села[се бара извор]. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија[се бара извор]. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.
[уреди] Историја
Градот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга. Во времето на Отоманската империја, Воден и воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун - Битола. Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).
[уреди] Извори
- ↑ PDF „(875 KB) Попис 2001“ (на грчки). „Национална статистичка служба на Грција (ΕΣΥΕ)“. www.statistics.gr. http://www.statistics.gr/gr_tables/S1101_SAP_1_TB_DC_01_03_Y.pdf PDF. проверено на 2007-10-30.
- ↑ (грчки) „Основни карактеристики“. „Министерство за внатрешни работи“. www.ypes.gr. http://www.ypes.gr/topiki.htm. проверено на 2007-08-07.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905