26 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
26 јануари е 26-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 339 денови до крајот на годината (340 во престапна).
Настани:
| 1531 | Лисабон го погоди катастрофален земјотрес при што загинаа околу 30.000 луѓе. |
| 1788 | 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија. |
| 1827 | Перу прогласи независност. |
| 1841 | Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија. |
| 1905 | Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. |
| 1934 | Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. |
| 1942 | Втора Светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. |
| 1946 | Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. |
| 1950 | Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. |
| 1993 | Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. |
| 1994 | Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“. |
| 1994 | Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД). |
| 1996 | Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети. |
Родени:
| 1494 | Иполита Марија Сфорца, ќерка на Џан Галеацо Сфорца. |
| 1959 | Александар Станковски, македонски уметник. |
| 1987 | Себастијан Џовинко, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1823 | Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
| 1864 | Лео фон Кленце, прочуен германски неокласичен архитект. |
| 1961 | Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог. |
| 1990 | Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |