Коби Брајант
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Коби Брајант (Филаделфија, 23 август 1978) е американски професионален кошаркар, кој игра во НБА лигата за екипата на Лос Анџелес Лејкерс.
Коби Брајант е висок 198 см, тежок 95 kg и игра на позицијата бек. Избран е на НБА драфтот 1996 година како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој е меѓу ретките играчи драфтуван на тој начин. Сепак за Хорнетси нема одиграно ниту еден натпревар бидејќи менаџерот на Лејкерси Џери Вест, веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за Шарлот, а Коби Брајант во Лејкерс. Уште на почетокот на својата кариера Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и заедно со Шекил О'Нил се најзаслужни за трите последователни шампионски прстени, (2000-2002). На 5 март 2003, Брајант постанал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10.000 поени,со 24 години и 193 дена), исто така постанал и најмладиот играч со постигнати 25.000 поени. На 22 јануари, 2006 во мечот против Торонто Рапторс, Брајант постигнал 81 поен,постанувајќи втор најдобар стрелец на сите времиња,после Вил Чемберлен,со 100 поени. Коби Брајант има досега настапено на 12 Ол-стар натпревари од кои на 7 има настапено во првиот тим, а во 1997 година победил на натпреварот во забивање. Коби Брајант има освоено 4 MVP(најзаслужен играч)титули.