Олимписки игри

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Официјалното знаме

Олимписките игри се меѓународен повеќеспортски настан кој се одржува на секои 4 години.

Олимписките игри (грчки:Ολυμπιακοί Αγώνες) се одржувале уште во античко време во Стара Грција во чест на богот Зевс. Првите антички олимписки игри се одржале во 776 п.н.е., а се одржувале константно на секои 4 години во древната Олимпија. Последните антички олимписки игри се одржале во 392, а веќе наредната година римскиот император Теодосиј Велики игрите ги укинал.

Содржина

[уреди] Модерни олимписки игри

[уреди] Летните игри

Модерните Олимписки Игри започнале во 1894 година кога Пиер де Кубертин од Франција организирал неколку светски спортисти и се заложил за ревитализација на Олимписките Игри со формирање на Интернационалниот Олимписки Комитет. Две години подоцна, во 1896 година, биле одржани првите модерни Олимписки Игри во Атина, Грција.

[уреди] Зимските игри

Главна статија: Зимски олимписки игри.

Првиот зимски спорт (уметничко лизгање) бил вклучен во Олимписките Игри во 1908 година во Лондон. Во 1920 година, во Антверпен, бил додаден и хокејот на мраз. Првите зимски олимписки игри биле одржани во францускиот скијачки центар Шамони во 1924 година. Тие, всушност, биле предивдени како “Меѓународна спортска недела” која, во пресрет на осмите летни олимписки игри во Париз, требала да ги афирмира и зимските спортови. Но, начинот на организирање и учеството на 16 земји со 294 спортисти во 6 спортови, биле повод повеќе, ИОК, една година подоцна на заседанието во Прага, да им даде олимписка верификација на овие игри. Сè до Албервил 1992 зимската олимпијада се одржувала во иста година со летната, па потоа, од Лилехамер 1994, си го зазела местото во средината од секој олимписки циклус.

[уреди] Шампионати и носители медали

[уреди] Олимписки носители на медали на сите времиња

Прашањето за тоа кој атлет е најуспешен на сите времиња е тешко да се одговори. Диверзитетот на спортови и еволуцијата на Олимписките игри од 1896 година го усложнуваат одговорот. Можеби не е најдобар начин да се мери успехот, но листата на носителите на наслови од модерните Олимписки игри по индивидуалци е еден од начините да се детерминира најголемиот атлет на сите времиња.

Атлет Нација Спорт Олимп. Gold medal icon.svg Злато Silver medal icon.svg Сребро Bronze medal icon.svg Бронза Вкупно
Мајкл Фелпс Знамето на САД САД пливање 2000–2008 14 0 2 16
Лариса Латинина СССР СССР гимнастика 1956–1964 9 5 4 18
Паво Нурми Знаме на Финска Финска атлетика 1920–1928 9 3 0 12
Марк Шпиц Знамето на САД САД пливање 1968–1972 9 1 1 11
Карл Луис Знаме на САД САД атлетика 1984–1996 9 1 0 10
Бјорн Дели Знаме на Норвешка Норвешка скијање 1992–1998 8 4 0 12
Бригит Фишер Источна Гермнија
Знаме на Германија Германија
кану трки 1980–2004 8 4 0 12
Савао Като Знаме на Јапонија Јапонија гимнастика 1968–1976 8 3 1 12
Џени Томпсон Знаме на САД САД пливање 1992–2004 8 3 1 12
Мат Бионди Знаме на САД САД пливање 1984–1992 8 2 1 11
Реј Еври Знаме на САД САД атлетика 1900–1908 8 0 0 8
Николај Андријанов СССР СССР гимнастика 1972–1980 7 5 3 15
Борис Шаклин СССР СССР гимнастика 1956–1964 7 4 2 13
Вера Чаславска Чешка Чехословачка гимнастика 1960–1968 7 4 0 11
Виктор Чукарин СССР СССР гимнастика 1952–1956 7 3 1 11
Аладар Геревич Знаме на Унгарија Унгарија мечување 1932–1960 7 1 2 10

Во САД се одржани четири ЗОИ што е најмногу досега. Јапонија е единствениот домаќин на зимска олимпијада од Азија и тоа со две.

Градови на летните олимписки игри

 

Градови на зимските олимписки игри

 

[уреди] Надворешни врски


Soccer template.gif Оваа статија поврзана со спорт е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!