Летни олимписки игри 1900

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зимски олимписки игри
Games of the II Olympiad

Град домаќин
Бр. на држави 24
Бр. на спортисти 997
Натпревари 95 од 19 спортови
Отворени
Затворени
Стадион

2-те Летни олимписки игри се одржале во 1900 година во Париз, франција. Не се одржале церемониии за официјално отворање и затворање на игрите, а натпреварите започнале на 14 мај и завршиле на 28 октомври. Околу 1.000 спортисти земале учество во 19 спортови и 95 настани. на овие Олимписки игри за прв пат учествувале и жените, а прва жена- олимпионик станала Шарлота Купер којашто освоила 2 златни медали. Одржувањето на натпреварите во недела наишло на големи протести од американските спортисти коишто биле главно ученици и студенти.

Голем број од освојувачите на медали ги одбиле одличјата, но им биле доделени други видови на одличја како на пр. пехари. Во мечување, Албер Робер Аја победил и во категорија на аматерите и во категорија на професионалците,а за тој подвиг бил награден со 3000 франци.

Спортовите и дисциплините како крикет, гаѓање на живи гулаби, коњички скокови во височина и далечина, пливање со пречки биле за прв и последен пат видени на Олимписките игри.

Изборот за град-домаќин[уреди]

Стадион Велодром

Уште на првиот конгрес на Меѓународниот олимписки комитет, барон Пјер де Кубертен се изјаснил дека Олимписките игри во 1900 година треба да се одржат во Париз. Но, чкеновите на МОК не можеле да чекаат 6 години, па сакале во Париз да се одржат првите модерни Олимписки игри во 1896. Но, сеоак било одлучено, а и Грците лобирале за организирање на првите Олимписки игри. И покрај финансиските проблеми Олимписките игри во Атина биле организирани,а во Париз тоа се случило 4 години подоцна.

Спортови[уреди]

Натпреварувањата на Олимписките игри во Париз се одржале во 20 дисциплини во 19 спортови коишто биле предвидени во програмата за Олимписките игри. Подигање тегови и борење биле отфрлени, но биле додадени нови 13. Спортовите пливање и ватерполо биле посебни спортски дисциплини, а пливањето во спортски контекст е наречено акватика.

Неофицијални спортови[уреди]

Покрај погоре наведените спортови на Олимписките игри во Париз во 1900 година имало натпревари и во спортови коишто не биле официјално прифатени како олимписки од Меѓународниот олимписки комитет.

Како додаток на овие 71 училиште и 92 воени настани биле одржани.

Земји-учеснички[уреди]

Учесници - зелено- земји коишто учествувале и на претходните Олимписки игри, сино- земји- учеснички за прв пат

На Летните олимписки игри во Париз учествувале следните 24 земји:

Според некои извори на овие Олимписки игри учествувале и овие земји:

Освоени медали[уреди]

На Летните олимписки игри во Париз, 1900 година, за најдобрите три во секоја дисциплина се доделувале соодветно златен, сребрен и бронзен медал од првото до третото место. Ова е листата на десетте најуспешни нации:

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of France.svg Франција (домаќин) 26 41 34 101
2 US flag 48 stars.svg САД 19 14 14 47
3 Flag of the United Kingdom.svg Велика Британија 15 6 9 30
4 Olympic rings with transparent rims.svg Мешан тим 6 3 3 12
5 Flag of Switzerland.svg Швајцарија 6 2 1 9
6 Flag of Belgium.svg Белгија 5 5 5 15
7 Flag of the German Empire.svg Германија 4 2 2 8
8 Italy Италија 2 2 0 4
9 Flag of the United Kingdom.svg Австралија 2 0 3 5
10 Flag of Denmark.svg Данска 1 3 2 6

Надворешни врски[уреди]