IV Зимски олимписки игри се одржале од 6 до 16 февруари 1936 године во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Истата година, Германија била домаќин и на Летните олимписки игри, кои се одржале во Берлин. Тоа било за последен пат обете Олимписки игри во иста година да се одржат во иста земја.[а]
На овие игри, за прв пат во натпреварувачката програма се нашле дисциплините од спортот алпско скијање. Меѓутоа, поради аматерските правил, на учителите по скијање им било забрането учеството, бидејќи ги сметале за професионалци. Поради тоа, алпските скијачи од Франција и Швајцарија ги бојкотирале натпреварите во овој спорт.
Краток преглед [уреди]
- Соња Хени од Норвешка го освоила третото последователно злато во уметничко лизгање во женска конкуренција.
- Ивар Балангруд освоил 3 златни (во трките на 500, 5000 и 10000 m) и 1 сребрен медал (во трката на 1500 m) во четирите дисциплини во брзо лизгање.
- Во хокеј на мраз се случило големо изненадување, кога златниот медал го освоиле репрезентативците од Велика Британија, кои во клучниот натпревар ја совладале репреентацијата на Канада со 2-1. Сепак, дури десетмина од вкупно дванаесет хокејари на Велика Британија тренирале во Канада.
- Медалите, со кои биле одликувани најдобрите на овие игри, биле најголемите и ајтешките досега. Тие имале дијаметар со должина од 100 mm, дебелина од 4 mm и маса од 324 g.
Спортови [уреди]
Спортистите биле одликувани со медали во 17 дисциплини во 8 спортови. Демонстративни спортови биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и ајсшток (спорт сличен на карлинг).
Распоред на натпревари [уреди]
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
| ● |
Церемонија на отворање |
● |
Квалификациски натпревари |
● |
Финални натпревари |
● |
Церемонија на затворање |
Земји-учеснички [уреди]
*
сино = земји кои за прв пат учествуваат
*
зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите
На игрите, 28 земји испратиле свои спортисти, чиј вкупен број изнесувал 646. За прв пат на Зимските олимписки игри учествувале: Австралија, Бугарија, Грција, Лихтенштајн, Турција и Шпанија. Повторно со свои спортисти на Зимските олимписки игри учествувале Естонија, Југославија, Летонија и Холандија, кои не учествувале на игрите во 1932 година.
Освојувачи на медали [уреди]
Видете исто така [уреди]
- а Во 1940 година, Летните олимписки игри требале да се одржат во Токио, а Зимските во Сапоро, но не се одржале поради Втората светска војна, со што обете Олимписки игри не биле одржани уште еднаш во иста земја.
Надворешни врски [уреди]