Зимски олимписки игри 1992

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XVI Зимски олимписки игри - Албервил 1992
XVI Зимски олимписки игри - Албервил 1992
Град домаќин Албервил, Франција
Број на држави 64
Број на спортисти 1801 (1313 мажи и 488 жени)
Број на спортови 7
Број на натпревари 57
Отворање 8 февруари 1992
Затворање 23 февруари 1992
Стадион

XVI Зимски олимписки игри се одржале од 8 до 23 март 1992 година во Албервил, Франција. Овие Зимски олимписки игри биле последните што е одржале во иста година со Летните олимписки игри. Следните Зимски олимписки игри се одржале во 1994 гдина во Лилехамер и оттогаш временското растојание меѓу Летните и Зимските олимписки игри изнесува 2 години.

Спортистите од Русија, Украина, Казахстан, Белорусија, Узбекистан и Ерменија настапиле за Обединетиот тим под Олимпиското знаме.[а] Слично било и за вцреме на Летните олимписки игри истата година, кои се одржале во Барселона.

Кандидатура[уреди]

Во декември 1981 година, трократниот Олимписки првак Жан Клод Кили и претставникот од францускиот парламент Мишел Барние се договориле во Рона-Алпи, да ги доведатолимписките игри во 1992 година во Франција. Како и за игрите во 1968 година, намерата на француските власти била преку кандидатура на град во слабо развиен регион да се овозможи брз економски напредок и брз развој на туризмот.[1]

Избор на град-домаќин[уреди]

Гласањето за доделувањето на организацијата на игрите се одржало на 17 октомври 1986 година во Лозана на 91. седница на Меѓународниот олимписки комитет. Во конкуренција биле и градовите Софија, Фалун, Лилехмаер, Кортина д'Ампецо, Енкориџ и Берхтесгаден. Во шестиот круг од гласањето останале само Албервил и Софија. Кандидатурата на францускиот град освоила 51 глас, за разлика од кандидатурата на градот Софија, која освоила само 25. По ова гласање се одржал и гласањето за доделување на организацијата на Летните олимписки игри во 1992 година. Во конкуренција биле градовите Барселона и Париз, а организацијата на игрите ја добил градот Барселона, а впрочем и мала била веројатноста дека обете Олимписки игри во 1992 година ќе се организираат во една иста земја.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1992[2]
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг Четврти круг Пртти круг Шести круг
Албервил  Франција 19 26 29 42 - 51
Софија  Бугарија 25 25 28 24 - 25
Фалун  Шведска 10 11 11 11 41 9
Лилехамер  Норвешка 10 11 9 11 40 -
Кортина д'Ампецо  Италија 7 6 7 - - -
Енкориџ Flag of the United States.svg САД 7 5 - - - -
Берхтесгаден  Германија 6 - - - - -

Организациски комитет[уреди]

Организацискиот комитет за игрите бил основан на 24 февруари 1987 година. Жан Клод Кили бил потпретседател на комитетот, но по само 13 дена дал оставка од функцијата, поради проблемиите и притисоците врз него при распределбата на финансиските средства за организација на игрите. Комитетот немал потпрестедател, сè до следната година, кога функцијата била обновена од страна на францускиот претседател Франсоа Митеран и претседателот на МОК, Хуан Антонио Самаранч. Организацискиот комитет се состои од 27 оддели и за време на одржувањето на игрите броел 9310 членови. Од нив 610 биле платени, а 8700 биле волонтери.[3]

Лого[уреди]

Логото за игрите било употребувано уште за време на кандидатурата на градот. Тоа претставувало комбинација од Олимпискиот оган, савојски крст и националните бои на Фрација. Нацртот налогото го направил членот на комитет за кандидатурата на градот, Бруно Квентин.[4]

Краток преглед[уреди]

  • Во скијачко трчање, натпреварувачите од Норвешка победила во сите дисциплини во машка конкуренција. Бјерн Дели и Вегард Улванг освоиле по три злата. Во истиот спорт, но во женска конкуренција, Љубов Егорова освоила 3 златни и 2 сребрени медали, со што била најуспешен натпреварувач на игрите.
  • Финецот Тони Ниеминен на возраст од 16 години станал најмладиот освојувач на златен медал на Зимските олимписки игри, победувајќи во скијачки скокови.
  • Марк Кирхнер станал првиот биатлонец, кој освоил медали во сите дисциплини во овој спорт.
  • Во алпско скијање, Петра Кронбергер победила во слалом и во комбинација. Во трката во слалом, втора завршила Анелиза Кобергер од Нов Зеланд, со што станал првата натпреварувачка од земја од јужната хемисфера, којашто освоила медал на Зимските олимписки игри.
  • Кристи Јамагучи од САД и Мидори Ито од Јапонија завршиле на првите две места во уметничко лизгање во женска конкуренција, со што станале првите натпреварувачки од или со потекло од Азија, кои освоиле медал во овој спорт. На игрите, Ито станала првата жена која успеала да изведе троен аксел, но тоа било доволно само за сребрениот медал.

Спортови[уреди]

Вкупниот број на натпреварувачки дисциплини во кои биле доделени медали изнесувал 57, кои биле распоредени во 7 спортови. Демонстративн спортови биле карлинг, брзо лизгање и неколку дисциплини од спортот слободно скијање.

Земји-учеснички[уреди]

На игрите учествувале 1801 спортист од вкупно 64 земји. По распадот на Советскиот Сојуз, шест земји учествувале здружени во Обединетиот тим, одека Естонија, Летонија и Литванија учествувале одделно. Слично, Словенија и Хрватска учествувале одвоено од СФР Југославија, која учествувала на игрите, иако веќе не постоела.

За прв пат по Летните олимписки игри 1936 во Берлин, Германија улествувала како обединета држава.

За прв пат на Зимските олимписки игри учествувале Алжир, Бермуда, Бразил, Ирска, Свазиленд и Хондурас, како и Словенија и Хрватска.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Германија 10 10 6 26
2 Olympic flag.svg Обединет тим 9 6 8 23
3  Норвешка 9 6 5 20
4  Австрија 6 7 8 21
5 Flag of the United States.svg САД 5 4 2 11
6  Италија 4 6 4 14
7  Франција 3 5 1 9
8  Финска 3 1 3 7
9  Канада 2 3 2 7
10 Јужна Кореја Република Кореја 2 1 1 4

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Белешки[уреди]

  • а  Обединетиот тим улествувал само на овие Зимски олимписки игри, а спортистите, кои се натпреварувале под Олимпиското знаме за овој тим, всушност биле од земјите-членки на Заедницата на независни држави.

Наводи[уреди]

  1. Volker Kluge, Olympische Winterspiele, Die Chronik. Sportverlag, Berlin 1999, стр. 688
  2. The International Olympic Committee Vote History
  3. Volker Kluge, Olympische Winterspiele, Die Chronik. Sportverlag, Berlin 1999, стр. 690
  4. Volker Kluge, Olympische Winterspiele, Die Chronik. Sportverlag, Berlin 1999, стр. 749

Надворшни врски[уреди]