Зимски олимписки игри 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XXI Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010
XXI Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010
Град домаќин Ванкувер, Канада
Број на држави 82
Број на спортисти 2622[1]
Број на спортови 7
Број на натпревари 80
Отворање 12 февруари 2010
Затворање 28 февруари 2010
Стадион

XXI Зимски олимписки игри се одржаа во Ванкувер, Канада од 12 до 28 февруари 2010 година. Некои натпревари се одржуваат западно од градот, во Ричмонд, а некои северно, во Вислер.

Ова се третите Олимписки игри, а втори Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во Канада. Претходно, Канада била домаќин на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал и Зимските олимписки игри 1988 во Калгари.

Канадскиот олимписки комитет вети дека Канада ќе освои најголем број на златни медали на игрите во Ванкувер. На претходните Олимписки игри, одржани во Канада, спортистите од оваа земја не освоиле ниту еден медал. Иницијативата за остварување на овој успех беше наречена „Најдобри достигнувања“ (англиски: Own the Podium).[2] Домашните спортисти ги потврдија најавите на комитетот и освоија рекордни 14 златни медали од вкупно 26 освоени.

Избор на град-домаќин[уреди]

Одлуката за доделување на организацијата на игрите на градот Ванкувер беше донесена на 2 јули 2003 година, на 115. седница на Меѓународниот олимписки комитет, која се одржа во Прага.[3] Останати кандидати беа Пјонгчанг и Салцбург.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 2010[4]
Град Земја Прв круг Втор круг
Ванкувер  Канада 40 56
Пјонгчанг Јужна Кореја Република Кореја 51 53
Салцбург  Австрија 16 -

Трошоци[уреди]

Оперативните трошоци за Зимските олимписки игри 2010 беа проценети на 1,354 милијарди $ (2004), но во средината на 2009, новата проценка изнесуваше 1,76 милијарди $.[5] Целиот износ на оперативните трошоци е покриен од невладини извори, односно преку спонзорства и продажбата на правата за емитување на настанот преку телевизиски пренос. Парите на даночните обврзници, во висина од 580 милиони долари беа потрошени за изградба на инфраструктурата во Ванкувер, Вислер и Ричмонд. Пресметката на трошоците за безбедност изнесуваше 200 милиони долари, а овие средства исто така се дел од државниот буџет. Агенцијата која е ангажирана за обезбедување на безбедноста на игрите е Канадската кралска коњичка полиција. Овој почетен износ се покажал како недоволен, па бил зголемен до износ од 1 милијарда долари.[6] Непосредно пред почетокоѕ на игрите, во февруари 2010, вкупните трошоци за игрите, вклучувајќи ги и трошоците за надградба на инфраструктурата во регионот беа проценети на 6 милијарди долари, додека трошоците потрошени директно за игрите беа проценети на 600 милиони $. Ревизорската куќаPrice-Waterhouse, во својот извештај наведува дека користите и прходите за градот и провинцијата ќе бида о износ од 10 милијарди $, одека директните приходи се проценети на 1 милијарда долари.[7]

Краток преглед[уреди]

Марка на Македонска Пошта по повод Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер (ФДЦ 2/2010, 12 февруари 2010)
  • Неколку часа пред церемонијата на свеченото отворање на игрите починал 21. годишниот грузиски санкач Нодар Кумариташвили, незгодно свртувајќи се и удирајќи со главата во челичен столб, со брзина од 143,3 км/ч.
  • Швајцарецот Симон Аман победил на двата поединечни натпревари во скијачки скокови, со што го повторил успехот од игрите во 2002 година и станал првиот натпреварувач кој на Зимските олимписки игри успеал да освои 4 златни медали во поединечна конкуренција во овој спорт.
  • Во скијачко трчање, Марит Бјорген од Норвешка освоила 3 златни, еден сребрен и еден бронзен медал, со што била најуспешна спортистка на игрите.
  • Боде Милер од САД и Аксел Лунд Свиндал од Норвешка освоиле по еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал во алпско скијање. Во женска конкуренција, Германката Марија Риш освоила 2 златни медали, победувајќи во суперкомбинација и слалом.
  • Кинеската натпреварувачка во брзо лизгање на кратки патеки, Ванг Менг, освоила 3 златни медали.
  • Во боб, Андре Ланге од Германија станал првиот натпреварувач во историјата на спортот, кој освоил 4 златни медали на Олимписките игри.
  • Љубителите на хокеј на мраз биле сведоци на одличен финален натпревар, во кој домашната репрезентација на Канада ја совладала репрезентацијата на САД со 3-2, со постигнат златен гол.
  • По бројот на освоени златни медали, канадските спортисти освоиле рекордни 14 златни медали. Спортистите од САД освоиле, исто така, рекордни 37 медали.

Спортови[уреди]

Натпреварите на Зимските олимписки игри се одвиваат во 7 големи спортови, кои се поделени на 15 спортови, кои пак содржат 86 дисциплини. Осум спортови спаѓаат во групата на ледени спортови:боб, санкање, скелетон, хокеј на мраз, уметничко лизгање, брзо лизгање, брзо лизгање на кратки патеки и карлинг. Три спорта се опишани како алпски и сноуборд: алпско скијање, слободно скијање и сноуборд. Останатите четири спорта се групирани како нoрдиски: биатлон, нордиско скијање, скијачки скокови и нордиска комбинација.


Распоред на натпревари[уреди]

 ●  Церемонија на отворање     Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари     Егзибиции  ●  Церемонија на затворање
Февруари 12
П
13
С
14
Н
15
П
16
В
17
С
18
Ч
19
П
20
С
21
Н
22
П
23
В
24
С
25
Ч
26
П
27
С
28
Н
Златни
медали
Алпско скијање 10
Биатлон 10
Боб 3
Скијачко трчање 12
Карлинг 2
Уметничко лизгање 4
Слободно скијање 6
Хокеј на мраз 2
Санкање 3
Нордикска комбинација 3
Брзо лизгање на кратки патеки 8
Скелетон 2
Скијачки скокови 3
Сноуборд 6
Брзо лизгање 12
Вкупно 6 6 5 6 7 5 4 6 6 4 4 6 5 7 7 2 86
Церемонии
Февруари 12
П
13
С
14
Н
15
П
16
В
17
С
18
Ч
19
П
20
С
21
Н
22
П
23
В
24
С
25
Ч
26
П
27
С
28
Н

Земји-учеснички[уреди]

Со зелено се обоени земјите-учеснички на игрите

На игрите учествуваат 2622 спортисти од 82 земји. За прв пат на игрите учествуваат спортистие од Гана, Кајманските Острови, Колумбија, Пакистан, Перу, Србија и Црна Гора.

Освојувачи на медали[уреди]

Медали од игрите
Ранг Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Канада 14 7 5 26
2  Германија 10 13 7 30
3 Flag of the United States.svg САД 9 15 13 37
4  Норвешка 9 8 6 23
5 Јужна Кореја Република Кореја 6 6 2 14
6  Швајцарија 6 0 3 9
7 Народна Република Кина НР Кина 5 2 4 11
7  Шведска 5 2 4 11
9  Австрија 4 6 6 16
10  Холандија 4 1 3 8

Поврзано[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]