Летни олимписки игри 1984

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XIV Зимски олимписки игри

Град домаќин Сараево, СФРЈ
Бр. на држави 140
Бр. на спортисти 6,797
(5,230 мажи, 1,567 жени)
Натпревари 221 од 23 спортови
Отворени 7 февруари
Затворени 19 февруари
Официјално отворени од: Роналд Реган
Спортска заклетва Едвин Мозис
Олимписка заклетва Шарон Вебер
Олимписки оган Рафер Џонсон
Стадион Стадион Асим Ферхатовиќ

Летните олимписки игри - 1984 или официјално игрите на 23. Олимпијада се одржале во Лос Анџелес. Градот бил избран за домаќин на игрите на 18 мај 1978 на 79. сесија на МОК одржана во Атина без гласање, бидејќи градот бил единствен кандидат за домаќин на игрите.

По америкаснкиот бојкот на игрите во Москва во 1980, овие игри биле бојкотирани од 14 нации од источниот блок и некои други пријателски земји со предводникот на бојкотот, Советскиот Сојуз. Од други причини игрите ги бојкотирале и Иран и Либија. ССССР одлучил да не учествува на игрите на 8 мај 1984 по „шовинизмот и анти- советската хистерија во САД. Бојкотот предизвикал да се постигнат многу послаби резултати во некои натпребвари во кои доминација имале земјите отсутни од игрите. Земјите кои ги бојкотирале игрите од јули до август истата година организирале посебно натпреварување со 9 земји-учеснички наречено„Игри на пријателството“.

Игрите ги отворил претседателот на САД Роналд Реган, а официјална маскота на игрите бил Сем олимпискиот орел.

Краток преглед[уреди]

  • Специјално за игрите со цел да се намали големиот метеж по аеродромите бил изграден аеродромот Том Бредли.
  • На церемонијата на свеченото отворања била изведена „Рапсодија во сино“ од Џорџ гершвин, а за таа цел биле распоредени 88 пијана низ целиот Меморијален колосеум.
  • Организаторите на игрите оствариле профит од $200 милиони што е по втор пат по Летните олимписки игри - 1932 одржаниисто така во Лос Анџелес.
  • Сите радио и телевизиски канали од Лос Анџелес вршеле пренос од игрите.
  • Романија и покрај тоа што била дел од Варшавскиот пакт не ги бојкотирала игритре и освоила 53 медали од кои 20 златни со што била втора по бројот на освоени медали.
  • Карл Луис за прв пат се појавил на Олимписките игри и во атлетика го изедначил рекордот на Џеси Овенс од Летните олимписки игри - 1932 од 4 златни медали на една Олимпијада. Луис освоил злато на 100m, 200m, како дел од штафетата на САД 4x100m и во скок во далечина.
  • Успехот на игрите во Лос Анџелес, довеле од 1986 да започне да се одржува Лосанџелскиот маратон во првата недела од месец март секоја година.
  • За време на финалната трката на 3000m Мери Декер од САД имала судир со Зола Бад. Американката паднала на патеката и не можела да ја продолжи трката, Бад продолжила, но завршила седма. По трката Бад и се извинила на Декер за немилиот настан. Но, и покрај тоа Бад била дисквалификувана.
  • Првиот златен медал на Олимписките игри и припаднал на нација која исто така го освоила својот прв златен Олимписки медал. Сји Хаифенг од Кина и го донела првото Олимписко злато на својата земја со побдеата во стрелаштво во дисциплината 50m пиштол.
  • Наваи Ел- Мутавакел освоила злато за Мароко во трката на 400 м со пречки со што станала првата жена од муслиманскиот свет којашто освоила злато на Олимписките игри, а исто така на својата земја и го донела и првото злато.
  • За прв пат на Олимписките игри и жените трчале маратон, а прва победничка станала Џоан Беноа. Маратонската трка исто така ќе остане запаметена и поради исцрпеноста на швајцарскиот маратонец Габи Андерсен- Шис кој не успеал да ја заврши трката и ги ставил сите во искушение поради драматичните слики кои ги прикажал.
  • На игрите исто така дебитирале и спортовите синхронизирано пливање, ритмичка гимнастика и едрење на даска.
  • Кина, Кинески Тајпеј и Тајван настапиле одделно на игрите, а од нив Кина освоила 15 златни медали. Натпреварувачите во подигање тегови од Кина и Кинески Тајпеј освоиле медали во ист натпревар.
  • Тенисот се вратил како демонстративен спорт на Олимписките игри по пауза од 60 години, а безболот по шести пат бил демонстративен спорт.
  • Стив Редгрејв го освоил својот прв златен медал во веслање од петте кои ги освоил на 5 различни Олимписки игри.
  • Дејли Томсон пропуштил својот втор последователен Олимписки златен медал во десетобој да го освои поставувајќи нов светски рекорд. Нов светски рекорд поставил веќе наредната година со резултат од 8847 поени.
  • Виктор Дејвис победил во пливање на 200m градно, поставувајќи нов светски рекорд.
  • Мери Лу Ретон станала првата Неевропјанка која побдеила во гимнастика во натпреварот во комбинација.
  • Репрезентацијата на Франција станала олимписки првак во фудбал со победата во финалниот натпревар над Бразил од 2-0.
  • Сега професионалниот борач Самуел Џо настапил на 5 годишна возраст на церемонијата на свеченото отворање како танчер, додека пак англискиот тогаш актуелен професионален борач Крис Адамс бил надзорник на бртанскиот џудо тим.
  • Подоцна било признато дека голем број од велосипедистите на САД користеле недозвоелни средства.
  • 11 спортисти паднале на допинг тестот иако се покажало дека вкупно 17 биле позитивни.

Спортови[уреди]

Демонстративни спортови[уреди]

Земји-учеснички[уреди]

Земји-учеснички

На Летните олимписки игри - 1984 одржани во Лос Анџелес се натпреварувале спортисти од 140 земји. На игрите дебитирале: Бахреин, Бангладеш, Бутан, Британски Девствени Острови, Кина, Џибути, Екваторијална Гвинеја, Гамбија, Гренада, Мавританија, Маврициус, Северен Јемен, Оман, Катар, Руанда, Самоа, Соломонски Острови, Тонга и ОАЕ.

Земји кои ги бојкотирале игрите[уреди]

Земјите кои ги бојкотирале игрите се означени со црвено и портокалово

14 земји предводени од Советскиот Сојуз ги бојкотирале игрите: [1]:

Иран и Либија исто така ги бојкотирале игрите, но од други причини, а не како дел на советскиот бојот.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of the United States.svg САД (домаќин) 83 61 30 174
2 Романија Романија 20 16 17 53
3 Flag of Germany.svg Западна Германија 17 19 23 59
4 Народна Република Кина НР Кина 15 8 9 32
5  Италија 14 6 12 32
6  Канада 10 18 16 44
7 Flag of Japan.svg Јапонија 10 8 14 32
8 Нов Зеланд Нов Зеланд 8 1 2 11
9 СФРЈ СФР Југославија 7 4 7 18
10 Јужна Кореја Република Кореја 6 6 7 19

Видете исто така[уреди]

Олимписки игри со значајни бојкоти[уреди]

Надворешни врски[уреди]