Карл Луис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Луис
Карл Луис на прес конференција во 2009
Лични податоци
Полно имеКарлтон Фредерик Луис
Националност САД
ЖивеалиштеЛос Анџелес, Калифорнија
Висина1.91 метри
Тежина81 килограм
Порталwww.carllewis.com
Спорт
Земја САД
СпортАтлетика
ДисциплиниСпринт, скок во далечина
Успеси и титули
Лични рекорди100m: 9.86 s (1991)
200m: 19.75 s (1983)
Скок во далечина: 8.87m

Фредерик Карлтон „Карл“ Луис (англиски: Frederick Carlton "Carl" Lewis; р. 1 јули 1961 во Бирмингем, Алабама, САД) е поранешен американски атлетичар.

Во 1999 е прогласен за спортист на XX век според МОК. Според американскиот магазин „Sports ilustrated“ е прогласен за „Олимпиец на XX векот“, а според многумина тој е најголемиот спортист на сите времиња.

Спортски успеси[уреди | уреди извор]

Американскиот суператлетичар Карл Луис сите го препознаваа под прекарите „Кралот Карл“ и „Син на ветрот“. Карл е освојувач на 9 златни и еден сребрен медал на 4 Олимписки игри (1984, 1988, 1992 и 1996), а е и осумкратен светски првак на светските првенства од 1983 до 1993 (од 1991 светските првенства во атлетика се одржуваат на секои 2 одини). Карл Луис со своите достигнување е еден од четирите спортисти кои досега успеале да освојат 9 златни медали на Олимписките игри (останати се Паво Нурми, Лариса Латинина и Марк Шпиц), а вториот атлетичар по Паво Нурми кој го има остварено овој подвиг. Исто така, Карл ги има постигнато и подвизите на Џеси Овенс од Летните олимписки игри - 1936 кога освоил 4 златни медали и на Ал Ертер кој на 4 различни Олимписки игри го освоил најсјајното одличје. „Синот на ветрот“ бил непобедлив во трките на 100 и на 200m, постигнуваше успеси и како дел од штафетата на САД 4x100m, а бил најдобар и во скок во далечина. Со своите 2 злата на 100m на игрите во 1984 и 1988, тој стана првиот и единствен досега атлетичар којшто успеал да победи на најкратката атлетска делница 2 пати на Олимписките игри. Тој е ичовекот со најголем број на резултати под 10s во трката на 100m, а е и атлетичарот со најголем број на скокови во далечина подолги од 8,50m. Во перидот од 1981 до 1991, Карл Луис остварил 65 последователни победи во скок во далечина сè до историското финале на светското првенство во Токио 1991 во „двобојот на титаните“ кога бил поразен од Мајк Пауел кој за златото прескокнал 8,95m.

Како за споредба, досега само 10 споретисти прескокнале 8,71 m или повеќе, а вкупно се изведени 18 скокови (на отворено и во сала) од кои Карл Луис има дури 9 (еден во сала и 8 на отворено), а останатите по еден.

Луис се квалификувал и за настап на Летните олимписки игри - 1980 во Москва и тоа во дисциплините скок во далечина и како дел на штафетата на САД 4x100m, но поради американскиот бојкот на игрите не настапил.

Карл освоил 7 златни медали во поединечна конкуренција што се изедначува со постигнувањето на Вера Чаславска во женска конкуренција. Единствено Рој Еври освоил 8 златни медали на Олимписките игри (1900, 1904 и 1908), но во тоа време во програма биле многу дисциплини кои денес ги нема.

Интересно[уреди | уреди извор]

  • На квалифиикациите на САД во претстој на светското првенство, Карл Луис во скок во далечина прескокнал 9,14m, но со мал престап, па затоа светскиот рекорд не бил признаен.
  • Британскиот брачен пар Ентони и Кармен Хамилтон со потекло од Гренада биле инспирирани од успесите на Карл Луис, па по неговото презиме го крстиле својот син, Луис Хамилтон кој денес е актуелен Ф1 возач.

Големи натпреварувања[уреди | уреди извор]

  • 1983 СП - 3 златни медали (100m, скок во далечина и штафета 4x100m)
  • 1984 ОИ - 4 златни медали (100m, 200m, скок во далечина и штафета 4x100m)
  • 1987 СП - 3 златни медали (100m, скок во далечина и штафета 4x100m)
  • 1988 ОИ - 2 златни медали (100m и скок во далечина), 1 сребрен медал (200m)
  • 1991 СП - 2 златни медали (100m и штафета 4х100m), 1 сребрен медал (скмок во далечина)
  • 1992 ОИ - 2 златни медали (скок во далечина и штафета 4х100m)
  • 1993 СП - 1 бронзен медал (200m)
  • 1996 ОИ - 1 златен медал (скок во далечина)

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

  • 100m: 9,86s (1991, тогаш светски рекорд)
  • 200m: 19,75s (1983)
  • скок во далечина: 8,87m (1991), во сала 8,79m (1984, актуелен светски реорд во сала)
  • штафета 4х100m: 37,40s (1992, тогаш светски рекорд)