Зимски олимписки игри 1984

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XIV Зимски олимписки игри - Сараево 1984
XIV Зимски олимписки игри - Сараево 1984
Град домаќин Сараево, СФР Југославија
Број на држави 49
Број на спортисти 1272 (998 мажи и 274 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 49
Отворање 8 февруари 1984
Затворање 19 февруари 1984
Стадион

XIV Зимски олимписки игри се одржале од 8 до 19 февруари 1984 година во Сараево, СФР Југославија (денес во Босна и Херцеговина). Градот бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на јапонскиот Сапоро и шведскиот град Гетеборг.

Маскота на игрите бил волкотВучко“.

Ова биле првите Олимписки игри, одржани во време на долгогодишното претседателство со МОК на Хуан Антонио Самаранч.

Избор на град-домаќин[уреди]

При доделувањето на организацијата на игрите, во Меѓународмниот олимписки комитет имало поделеност, слична како онаа во Студената војна. Во тоа време, СФР Југославија била земја од третиот свет, а кандидатурата на градот Сараево имала за цел да се искаже желбата за зачувување на мирот во светот, преку организација на Олимписки игри, кој во минатото се сметал за значаен факто за започнувањето на Првата светска војна. Останати кандидати за организација на игрите биле Сапоро и Гетеборг.

За југословенските власти, игрите биле одлична прилика за промоција на државата во светски рамки, а овие стремежи не ги спречила ниту големата економска криза, која ја погодила државата на почетокот на 1980-тите. За организација на игрите биле потрошени големи средства за создвање на потребната ифраструктура. Игрите многукратно го зголемиле интересот за зимските спортови во целата земја, кој пред игрите бил многу мал.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1984[1]
Град Земја Прв круг Втор круг
Сараево СФРЈ СФР Југославија 31 39
Сапоро Flag of Japan (bordered).svg Јапонија 33 36
Гетеборг  Шведска 10 -

Маскота[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Вучко.
Волкот „Вучко

Изборот на маскота на игрите бил објавен во дневните весници, а читателите биле замолени да одберат една од шесте маскоти, кои биле предложени. Победник била маскотата „Вучко“, којашто всушност претставува мал волк, а чиј дизајнер бил словенечкиот цртач Јоже Тробец. Вучко ја симболизирал желбата за спријателување на луѓето соживотните. Според МОК, Вучко помогнал да се смени мислењето за волкот како страшно и месојадно животно.[2]

Останатите пет предлози содржеле веверичка, јагне, дива коза, бодликаво прасе и грутки снег.

Краток преглед[уреди]

Олимпискиот факел на игрите
  • Ова биле првите и досега единствени Зимски олимписки игри, кои се одржале во држава со социјалистичко уредување.
  • Организацијата на игрите чинела 142,6 милиони долари, а половина од приходите на игрите биле остварени со продажбата на правата за телевизиско емитување на настанот.
  • На игрите биле продадени вкупно 250.000 влезници, од кои 200.000 биле продадени во странство. Настанот преку телевизиски пренос го следеле околу 2 милијарди луѓе.
  • На игрите учествувале 1272 спортисти од 49 земји, а од игрите известувале околу 4500 новинари.
  • Ламин Гуае од Сенегал станал првиот црномурест спортист, кој учествувал на едни Зимски олимписки игри.
  • Во скијачко трчање била воведена трката на 20 km во женска конкуренција, а прва победничка била Марија Лиза Хамалаинен од Финска, која освоила златни медали и во останатите две пократки трки (трките на 5 и 10 km).
  • Алпскиот скијач Јуре Франко го освоил првиот медал за СФР Југославија на Зимските олимписки игри, завршувајќи втор во велеслалом. Во истиот спорт, близнаците Фил и Стив Маре од САД ги зазеле првите две места во слалом.
  • Гаетан Буше од Канада и Карин Енке од Источна Германија освоиле по два златни медали во брзо лизгање. Женскиот тим на Источна Германија освоил 9 од можни 12 медали во овој спорт.
  • Биатлонецот Еирик Квалфос од Норвешка освоил еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал.
  • Во уметничко лизгање, британската танцова двојка Џејн Торвил и Кристофер Дин освоиле злато, со максимални оцени во оригинален танц.

Последици[уреди]

По игрите, градот доживеал голема преродба. Луксузние хотели, кои биле изградени во пресрет на игрите продолжиле да работат, како и сите други објекти, а со тоа биле отворени 9500 нови работни места.

По игрите била организирана и изложба, на која биле изложени фотографии од градот за време на одржувањето на игрите и којабила прикажана во 1640 градови во светот.

Спортови[уреди]

На игите биле доделени медали во 49 дисциплини во 6 спортови. По подолго време имало и демонстративен спорт, а тоа било скијање за лица со посебни потреби.

Земји-учеснички[уреди]

Рекордни 49 земји-членки на МОК испратиле спортисти на игрите во Сараево. Првото учество на Зимските олимписки игри го забележале Египет, Монако, Порторико, Сенегал и Американските девствени острови. Спортистите од Република Кина го завршиле бојкотот, поради контроверзното признавање на НР Кина, при што повторно настапиле како претставници на Кинески Тајпеј.

Освојувачи на медали[уреди]

На предната страна од медалите, кои биле доделени на игрите имало снегулка, над која се наоѓале Олимписките кругови. Работ од медалот бил испишан со зборовите XIV Zimske Olimpijske Igre - Sarajevo 1984. На задната страна имало глава на атлетичар, круниснаа со ловров венец.[3]

Во продолжение е дадена табела со освојувачите на медали, распоредени по бројот на освоени златни медали.

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of East Germany.svg Источна Германија 9 9 6 24
2 СССР СССР 6 10 9 25
3 Flag of the United States.svg САД 4 4 0 8
4  Финска 4 3 6 13
5  Шведска 4 2 2 8
6  Норвешка 3 2 4 9
7  Швајцарија 2 2 1 5
8  Канада 2 1 1 4
Flag of Germany.svg Западна Германија 2 1 1 4
10  Италија 2 0 0 2

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]