Маврициус
|
Република Маврициус
République de Maurice |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: "Stella Clavisque Maris Indici" (латински) "Ѕвезда и клуч на Индискиот Океан" |
||||||
| Химна: Татковина |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Порт Луис 20°10′S 57°31′E / 20.167°S 57.517°E |
|||||
| Службен јазик | англиски[1][2][3] | |||||
| национален јазик | креолски | |||||
| Демоним | маврициец | |||||
| Уредување | парламентарна република | |||||
| - | Претседател | Анеруд Џугнаут | ||||
| - | Премиер | Навин Рамгулам | ||||
| Независност | од Обединетото Кралство | |||||
| - | Датум | 12 март 1968 | ||||
| - | Република | 12 март 1992 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 2.040 km2 (179-та) 787 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 0.05 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2007 | 1,264,866 (151-ва) | ||||
| - | Попис | [1] | ||||
| - | Густина | 616/km2 (18-та) 1.564/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $15.248 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $11,991[4] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $8.738 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $6,872[4] | ||||
| ИЧР (2004) | ▲ 0.804 (висок) (65-та) | |||||
| Валута | Маврициска рупија | |||||
| Часовен појас | MUT (UTC+4) | |||||
| - | (ЛСВ) | (UTC+5[5]) | ||||
| Се вози на | лево | |||||
| НИД | .mu | |||||
| Повик. бр. | 230 | |||||
Маврициус (француски: L'île Maurice), официјално Република Маурициус (République de Maurice) е островска нација во крајбрежните води на африкански континент во југозапад Индиски Океан, околу 900 км источно од Мадагаскар. Како дел од територијата на Маврициус се и островите Каргадос Карахос, Родригез и Агалега. Маврициус е дел од Маскаренските острови заедно со францускиот остров Реинион кој е 200 km на југозапад и островот Родригез 570 km на североисток. Маврициус е познат по тоа што тој остров е единствен дом на додо, кои за жал исчезнале пред осумдесет години.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Државата и островот Маврициус името го добиле во 1598 година кога холандски морепловци за прв пат пристигнале на островот и ја основале првата постојана населба на Маврициус. Името е добиено според името на принцот Морис Орански од Холандија.
[уреди] Историја
Островот бил познат од страна на Арапите и Австронезиците уште во 10 век. Португалците за прв пат го посетиле островот во 1507 година и го оставиле ненаселен. Три брода од холандската морнарица кои тргнале низ Индискиот Океан биле случајно упатени кон Маврициус и пристигнале на островот во 1598. Тие го именувале островот според Принцот Морис Орански. Во 1638 Холанѓаните за прв пат основале населено место. Неколку декади подоцна, холанѓаните го напуштиле островот и Франција го зазела под своја контрола во 1715. Островот станал просперитетна колонија на Француската источноиндиска компанија. Во 1767 година француската влада целосно ја зазела управата над островот, а островот бил претежно користен како база во времето на Наполеонските војни. Во 1810 година островот бил заземен од страна на Велика Британија. Францускиите институции на островот биле сочувани, а францускиот јазик и денес е пораспространет од англискиот јазик. Земјата својата независност ја добила во 1968 година.
[уреди] Географија и клима
Заедно со Реинион и Родригез, Маурициус е дел од Маскаренските Острови. Овој архипелаг бил формиран од серија вулкански ерупции. Тие веќе не се вулкански активни. Островот Маврициус се формирал околу централно плато, со највисок врв Питон де ла Ривиере Ноар во југозападниот дел од островот со 828 метри. Првичниот кратер се уште може да се разликуваат од повеќето планини.
Локалната клима е тропска, зимите се суви од мај до ноември и со топли лета од ноември до мај. Главниот град на државата, Порт Луис, се наоѓа во северозападниот дел.
[уреди] Политички систем
Владата на Маврициус се избира за мандат од пет години. Последните парламентарни избори се одржале на 3 јули 2005. Историски гледано, изборите во Маврициус имаат тенденција да бидат натпревар помеѓу две големи коалиции на партии. Во меѓународните односи, Маурициус е дел од Комисијата за Индискиот Океан, Заедница за развој на Јужна Африка, на Обединетите нации и членка на Франкофонијата.
[уреди] Војска и полиција
Маврициус нема постојана војска. Сите, војската, полицијата и безбедносните функции се извршувани од страна на 10.000 вработени лица под команда на комесарот за полицијата. Овој персонал се состои од 8.000 членови на Националната полиција, кој е одговорен за спроведување на закони, и 1.500 членови за специјалните мобилни сили (СМС), како и 500 членови на Националната гарда за крајбрежјето.
[уреди] Административна поделба
Самиот остров е поделен на девет окрузи:
- Блек Ривер (округ) (главен град: Бамбус)
- Флак (главен град: Центер де Флак)
- Гранд Порт (главен град: Махебург)
- Мока (главен град: Квартер Милитер)
- Памплемусе (главен град: Триолет)
- Плеинс Вилхемс (главен град: Бо Басен и Розе-Хил
- Порт Луис (главен град на државата)
- Ривиер Ремпар (главен град: Мапу)
- Саван (главен град: Суилак)
- Агалега, два мали острова на околу 933 км северно од Маврициус.
- Каргадос Карахос,остров, околу 402 км северно од Маврициус.
[уреди] Зависни територии
Маврициус тврди дека следните територии се под нивна управа:[6]
- Тромелин, моментално под француска власт.
- Архипелаг Чагос, моментално под британска власт.
[уреди] Економија
Уште од својата независнот во 1968 година, Маврициус се развил од нископриходна земјоделска економија во средноразвиена економија со развој на индустрискиот и туристичкиот сектор. Годишниот развој на земјата изнесува од 5 до 6 проценти. Ова резултирало со зголемен стандард на живеење, подобрување на инфраструктурата и подобрување на човековото здравје.
[уреди] Население, јазик и религија
Населението на Маврициус се проценува дека е 1.264.867. На островот Маурициус живеаѕт 1.227.078. Општеството на Маврициус вклучува луѓе од различни етнички групи. Жителите се потомци на луѓе од континентална Африка.
Хиндусите сочинуваат 52% од вкупното население, католиците 28.4% и муслиманите 16.6%, додека од 3% се останати религии.
Францускиот и на англискиот јазик, кои долго време уживале поголем социјален статус се фаворизира во образованиете и професиите. Исто така, повеќето весници и медиуми се на француски. Маврицискиот креолски јазик, кој го зборуваат 90 проценти од населението, се смета за мајчин јазик на земјата и е главно користен во неформални ситуации.
[уреди] Култура
Кујната на Маврициус е мешавина на индиската, локалната, кинеската и европската кујна. Производството на рум е широко распространето на островот. Уште од населувањето на островот, шеќерот бил главна земјоделска култура.
Локалната музика се нарекува сега и има африкански корени.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Историја на Маврициус и Родригез
- Влада на Маврициус
- Туристички водич за Маврициус
- Запис за Маврициус во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Маврициус на UCB
[уреди] Наводи
- ↑ „Article 49 of The Constitution“. National Assembly of Mauritius. http://www.gov.mu/portal/site/AssemblySite/menuitem.ee3d58b2c32c60451251701065c521ca/?content_id=4cb54555fc808010VgnVCM100000ca6a12acRCRD#assembly. проверено на 2009-02-08.
- ↑ „Republic of Mauritius, Government Portal (Mauritius)“. http://www.gov.mu/portal/site/abtmtius/menuitem.42f3149f267522984d57241079b521ca.
- ↑ Mahadeo, S. K. (2004). "History of English and French languages in Mauritius: A study in language and power". The International Journal of Language Society and Culture, 14. Retrieved on 2009-05-20.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Mauritius“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=684&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=58&pr.y=10. проверено на 2009-04-22.
- ↑ Mauritius turns the clock forward in October 2008
- ↑ „CIA - The World Factbook -- Mauritius“. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mp.html#Issues. проверено на 2007-11-194.
|
|||||||||||||||||||||||||||||
