Западна Африка ја зафаќа територијата меѓу приморјето на Гвинејскиот Залив и јужните делови на пустината Сахара и од Камерунските Планини на исток до Атланскиот Океан на запад. Релјефот во Западна Африка е претежно низински, со незначителни територии под висорамнини и планини. Климата во Западна Африка е екваторска и тропска, со големи количества врнежи. Најпознати реки се Нигер, Волта, Сенегал, Гамбија и други.
На територијата на Западна Африка се наоѓаат следниве држави: Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја Бисау, Гана, Зелен ’Рт, Либерија, Мали, Нигер, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне и Того.
Население и Стопанство [уреди]
Се забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони кm², но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци. Земјите од Западна Африка поседуваат и разни рудни богатства: железо, бакар, злато, алуминиум, олово, цинк, нафта и дијаманти. Индустријата е во постојан развој.
Поврзано [уреди]