Лесото
| Кралство Лесото
Muso oa Lesotho
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: "Khotso, Pula, Nala" (сесото) "Мир, Дожд, Просперитет" |
||||||
| Химна: Lesotho Fatse La Bontata Rona |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Масеру 29°18′S 27°28′E / 29.3°S 27.467°E |
|||||
| Службен јазик | сесото, англиски | |||||
| Демоним | мосото (ед)/ басото (мн) | |||||
| Уредување | Парламентарен систем и Уставна монархија | |||||
| - | Крал | Лецие III | ||||
| - | Премиер | Пакалита Мосисили | ||||
| Независност | ||||||
| - | од Обединетото Кралство | 4 октомври 1966 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 30.355 km2 (140-та) 12.727 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | незначително | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за јули 2005 | 1,795,000 (146-та) | ||||
| - | Попис 2004 | 2,031,348 | ||||
| - | Густина | 59/km2 (138-ма) 153/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $3.192 милијарди[1] | ||||
| - | По жител | $1,302[1] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $1.620 милијарди[1] | ||||
| - | По жител | $661[1] | ||||
| Џини (1995) | 63.2 (висок) | |||||
| ИЧР (2007) | ▲ 0.549 (среден) (138-ма) | |||||
| Валута | лоти (LSL) |
|||||
| Часовен појас | (UTC+2) | |||||
| Се вози на | лево | |||||
| НИД | .ls | |||||
| Повик. бр. | 266 | |||||
Лесото (сесото: Lesotho) или официјално Кралство Лесото (Muso oa Lesotho) е независна земја во Јужна Африка и воедно е енклава бидејќи е целосно опкружена со Јужноафриканската Република. Големината на Лесото е околу 30.000 km ², со население од околу 1.800.000. Главен град на кралството е Масеру. Таа е најјужната независна држава во светот која не излегува на море. Лесото е член на Обединетите нации. Името Лесото потекнува од националниот јазик сесото и значи „земјата на луѓе кои зборуваат Сесото“. Околу 40% од населението живее под границата на сиромаштија со $ 1.25 на ден.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Името на државата „Лесото“ потекнува од сесото називот за државата, односно Lesotho. Во превод овој назив значи „земјата каде се зборува сесото јазик“.
[уреди] Историја
Областа позната како Лесото датира дури од пред 40.000 години. Во моментов Лесото (тогаш наречен Басутоленд) се појавил како единствен систем до на управување под раководство на највисокиот началник Мошешое I во 1822. Под негово раководство Басутоленд се приклучил кон останатите племиња во регионот за борба против Империјата Зулу во периодот од 1818 - 1828. Во периодот од 1868 до 1966 година, територијата била под британски протекторат удвоен од територијата на Јужноафриканската република. На 4 октомври 1966 година била прогласена независноста на земјата. Притоа, била воведена повторно традиционалната монархија. Во следните години бил воведен еднопартиски систем, а по ова за прв пат во земјата во 1993 година се одржале слободни избори. Кон крајот на 90-тите од минатиот век, економската ситуација во земјата се влошила, кое довело до големи протести и по изборите во 1998 година, каде биле уништени важни објекти од престолнината. Немирите биле спречени од страна на ЈАР и Боцвана. Од тогаш, економската и политичката ситуација во земјата се стабилкизирала.
[уреди] Географија и клима
Лесото покрива 30.355 квадратни километри. Таа е единствената независна држава во светот, што лежи целосно над 1.400 метри надморска височина.Најниската точка во државата е 1.400 метри. Над 80% од земјата лежи над 1.800 метри надморска височина. Лесото е независна и граничи со само една држава- Јужноафриканска Република.
Поради својата височина, Лесото е поладен во текот на годината за разлика од останатите околни региони. Дожд во Лесото има преку летните периоди. Масеру и околните низини често достигнуваат 30 ° C во летниот период.
[уреди] Политички систем
Уставното уредување на Лесото е уставна монархија. Премиерот, Пакалита Ватуила Мосисили, е шеф на владата. Кралот има церемонијална улога, тој повеќе не поседува никакви извршната права и е забрането активно да учествува во политички иницијативи.
Конгресот за демократија на Лесото (КДЛ) го контролира мнозинството во Националното собрание со 62 места. Конвенцијата сите Басото (КСБ), партија формирана непосредно пред изборите под раководство на поранешниот министер за надворешни работи Том Табане, е главната опозициска партија во државата.
[уреди] Административна поделба
Административно, Лесото е поделен на 10 окрузи и секој е предводен од окружен гувернер. Секој округ има свој центар.
|
|
[уреди] Економија
Економијата на Лесото се базира на дијаманти и државата извезува во целиот свет. Покрај дијамантите, Лесото има производство на земјоделски и сточарски производи. Лесото има извоз на волна, мохер, облека и обувки. Еден од производствените погони на Levi's се наоѓа токму во Лесото. Покрај географската интегрираност на Лесото во ЈАР и економски двете држави се интегрирани. Голем дел од семејствата во Лесото работаат во ЈАР, воглавно како рудари. Сепак, 50% од населението својата егзистенција ја стекнува преку земјоделството и сточарството. Поради тоа, половина од приходот на Лесото доаѓа токму од земјоделството.
Главни природни ресурси на Лесото се дијамантите и водата. Официјална валута во Лесото е лоти (множина малоти). Главни трговски партнери на Лесото се ЈАР, Германија, Велика Британија и Ирска.
[уреди] Население, јазик и религија
Лесото има население од околу 1.881 милиони жители, според пописот од 2006 година. Од вкупното население на Лесото, 25 проценти живее во урбаните и 75 проценти во руралните средини. Сепак, се проценува дека годишниот пораст на урбаната популација е за 3,5%. Густина на населението е пониска во планините. И покрај тоа што мнозинството од населението- 60,2 посто, се наоѓа помеѓу 15 и 64 години, Лесото има значителна младата популација која брои околу 34,8 проценти од вкупната бројка на население. Годишна стапка на раст на населението е 0,116%.
Етно-лингвистичката структура се состои речиси целосно од народот Басото народ. Главниот јазик во државата е сесото јазик, кој е и првиот официјален административен јазик. Покрај сесото и англискиот јазик е официјален јазик во државата.
Христијанството е доминантна религија во Лесото.[2] 90 % од населението на Лесото се христијани. Католиците, најголемата верска група, сочинуваат околу 45 проценти од населението. Евангелистите сочинуваат 26 проценти од населението и англиканците и други христијански групи ги сочинуваат дополнителни 19 проценти. Останатите 10 проценти се припадници на останати религии.
[уреди] Култура
Традиционалниот музички инструмент на Лесото се нарекува леколило и е еден вид на флејта и го користат деца. Покрај овој, се користи и сетоло-толо, инструмент кој го користат мажите и се свири со уста. Жените свират на томо. Традиционалниот начин на градење на куќи се нарекува рондавел.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Lesotho“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=666&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=43&pr.y=6. проверено на 2009-04-22.
- ↑ International Religious Freedom Report 2007: Lesotho. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Лесото на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада на Лесото
- Врховен суд на Лесото
- Шеф на држава и кабинет
- Запис за Лесото во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Лесото на UCB
- Лесото интернет кафе
|
|||||||||||||||||||||||||||||