Конакри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на Конакри во Гвинеја.
Местоположбата на Конакри во Гвинеја.

Конакри (сусу: Kɔnakiri) е главен град на Гвинеја. Според податоци од 2002 година, Конакри има 2.000.000 жители. Градот е пристаниште на Атлантскиот Океан. Се наоѓа на 9°30' северно и 13°40' западно.

Конакри се развил на островот Тумбо, близу полуостровот Калоум, со кој е поврзан преку теснец на кој е расположен градот. Конакри бил основан откако Британците го предале островот на Франција во 1887 година. Тој станал главен град на Француска Гвинеја во 1904 и се развивал како пристаниште за извоз на разни производи.

Денес Конакри образува пет области. На југозапад се наоѓа градскиот центар. Знаменитости во градот се Гвинејскиот национален музеј, неколку пазари, Големата џамија итн.

Конакри е познат и по својата ботаничка градина. Овој град е најголемиот во Гвинеја и е нејзин административен, комуникациски и економски центар. Градската економија зависи главно од пристаништето, преку кое се транспортираат алуминиум и банани. Индустријата на градот вклучува преработка на храна и автомобили.

Народната палата.