Киншаса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Булеварот "30 Јуни" во центарот на Киншаса

Киншаса, Демократска Република Конго Демократска Република Конго

Површина 9,965 km2
Население 7.500.000
(приб.; според 2005)
Густина на насел. 752,63/km²
Административна поделба Градска провинција Киншаса
Национален јазик Лингала
Гувернер Кимбембе Мацунга
Број на општини 24
Најголема општина Малуку
Координати: 4°16′Ј, 15°17′И

Киншаса е главниот, а воедно и најголемиот град во Демократската Република Конго. Со население од 7,5 милиони жители, овој град заедно со Јоханесбург е најголемиот во подсахарска Африка, по Лагос. Во рамките на Африка, Киншаса е третиот најголем град, по Лагос и Каиро.

Киншаса е град на остри контрасти, со елитни резиденцијални и комерцијални области, два универзитета и пространи сиромашни населби, сите коегзистирајќи заедно.

Градот се наоѓа на јужниот брег на реката Конго, наспроти градот Бразавил, главниот град на Република Конго.

Главните области на градот се Cité de l'OUA, дом на Владата на Демократската Република Конго, Зоната Матоњ, меѓународно позната по нејзиниот ноќен живот и резиденцијалната област Гомбе. Киншаса има главно речно пристаниште лоцирано на плажата Нгобила на кое постојано се одвива сообраќај до Бразавил и Банги, како и железница до Матади и аеродромот Н'Дџили.

Бележити обележја на градот се зградата СОЗАКОМ и облакодерите на хотелот Мемлинг, централниот маркет, Киншаскиот музеј и Академијата за уметност. Булеварот 30 Јуни ги поврзува областите на градот. Киншаса е дом на националниот стадион на државата - Стадионот на Мартирите.

Овој град бил основан како трговско место од Хенри Мортон Стенли во 1881 година и именуван како Леополдвил во чест на кралот Леополд II Белгиски, кој владеел со огромната територија на Демократска Република Конго. Трговското место се претворило во прво најважно пристаниште по Ливингстоновите Водопади: најпрво сите добра кои пристигнувале во Леополдвил од внатрешноста морале да се пренесат со транспортен брод до пристаништето во Матади. Доизградбата на железницата во 1898 овозможила побрз начин на транспорт и го условила брзиот развој на Леополдвил. Во 1920 година, градот бил издигнат во главен град на белгиски Конго, заменувајќи го приморскиот град Бома.