Ноќен живот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Невски проспект во Санкт Петербург, Русија, познат по ноќниот живот

Ноќен живот — збирен поим за разоноди достапни и повеќе популарни од вечер и рано изутрина. Ова се кафани, пабови, клафулиња, ноќни клубови, барови, жива музика, кабаре, мали театри, мали кина, претстави, и понекогаш ресторани кои се наоѓаат во извесно населено место. Тука може и да се придодадат и јавните куќи. Во ноќен живот спаѓа разонода која може да биде од прилично питома, па сѐ до развратна. Ноќната разонода по дефиниција е побујна од дневната, и обично повеќе ориентирана кон младите.

Во Македонија пособено познати по ноќениот живот се градовите како Скопје, Битола и Струмица и Охрид во летниот период.

На пример, во Европа, многу млади избираат да одат во Берлин или слични места „за ноќниот живот“, иако во даденото место може и да нема ништо друго особено. Мадрид е особено познат за опсегот на взрасти од кои ноќниот живот е сочинет како и за долгите часови на останување надвор. Даблин исто така ужива огромна популарност кај оние кои сакаат да го искусат живиот ноќен живот, со тоа што ирската влада вели дека ова е причината заради огромниот пораст на туризмот во последните 15 години. Мајами е добро познат по тоа што е еден од ретките градови во САД кој им дозволува на локалите да работат 24 часа на ден.