Берлин

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Поглед преку паркот Тиргартен кон Источен Берлин - Бранденбуршката порта, Рајхстагот(лево) и Телевизиската кула.
Поглед преку паркот Тиргартен кон Источен Берлин - Бранденбуршката порта, Рајхстагот(лево) и Телевизиската кула.

Берлин е најголем и воедно главен град на Сојузна Република Германија. Има околу 3 милиони жители и претставува вистински културен, економски, политички центар не само на Германија туку и пошироко во регионот и во Европа.

Сместен е во источниот дел на Германија на околу 100 километри од границата со Полска. Од завршувањето на Втората Светска војна па се до 1989 година тој е поделен на два дела помеѓу Источна Германија и Западна Германија кои биле под влијание на СССР и САД соодветно. Во 1989 година со падот на Берлинскиот ѕид кој ги делеше Источниот од Западниот дел на Берлин се означува соединувањето на двете Германии, а со тоа симболично се означува и крајот на ерата на СССР и комунизмот во светот.

[уреди] Туристички атракции

Берлин е град со голема историја и богата култура. Во Берлин се лоцирани голем број на туристички атракции како:

  • Фернзетурм (Der Fernsehturm) - кулата на германската телевизија
  • Рајхстагот (Der Reichstag), седиштето на германскиот парламент уште од времето на првиот и вториот Рајх.
  • Кројцберг (Kreuzberg), познат и како мал Истанбул, поради големата концентрација на турско население во таа област на градот.
  • Бранденбуршката порта
  • Островот на музеите (Museumsinsel), дел од светското наследство на УНЕСКО, на кој се наоѓаат неколку музеи со непроценливи колекции на уметнички и археолошки вредности.
  • Многубројни музеи од времето на поделбата на градот, на пример Чекпоинт Чарли.
  • Многубројни музеи посветени на страдањето на Евреите, и на Холокаустот.


Германското знаме Сојузни покраини во Германија Германскиот грб

Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн



Лични алатки
Други јазици