Хајделберг
| Хајделберг | |
|
Хајделберг, со Хајделбершки замок на ридот и Стариот мост на реката Некар |
|
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Баден-Виртемберг |
| Адм. подрач. | Карлсруе |
| Округ | Урбан округ |
| Градоначалник | Екарт Вирцнер (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 109 km2 (42 sq mi) |
| Надм. височина | 114 m (374 ft) |
| Население | 145.642 (31 декември 2008) |
| - Густина | 1.336 /km2 (3.461 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HD |
| Пошт. бр. | 69115–69126 |
| Повик. бр. | 06221 |
| Мреж. место | heidelberg.de |
Хајделберг (германски: Heidelberg) е град во југозападниот дел на Германија. Петтиот најголем град во покраината Баден-Виртемберг по Штутгарт, Манхајм, Карлсруе и Фрајбург во Брајсгау, Хајделберг е дел од густо населената метрополитенска област Рајна-Некар. Во 2009, над 145.000 луѓе живееле во градот. Хајделберг се наоѓа на реката Некар во длабоката долина во Оденвалд.
Поранешната резиденција на Електорат Пфалц во Хајделберг е седиште на Универзитетот во Хајделберг, добро познат надвор од границите на Германија. Хајделберг е популарна туристичка дестинација поради неговиот романекнен и живописен градски пејзаж, вклучувајќи го Хајделбершкиот замок и барокниот Стар Град. Американската војска имаат воена база во Хајделберг од 1951.
Содржина |
[уреди] Географија
Хајделберг е во долината на Рајна, главно на левиот брег на долниот дел на реката Некар, и се граничи со планините Königsstuhl (568 м) и Gaisberg (375 м). Реката Некар тече во правец исток-запад. На десниот брег на реката, се издига планината Хајлигенберг (445 м). Реката Некар се влива во реката Рајна приближно 22 километри северозападно од Манхајм. Селата припоени во текот на 20-от век ја достигаат долината на Некар долж Bergstraße, пат кој се наоѓа долж ридовите Оденвалд.
Хајделберг е на европската патека за пешачење Е1 (Шведска-Умбрија).
[уреди] Флора и фауна
Бидејќи Хајделберг е еден од најтоплите регионо во Германија, растенијата се нетични за средноевропската клима, вклучувајќи бадеми и смокви; исто така има и маслинки во Gaisbergstraße. Долж Philosophenweg (Патека на филозофите) на спротивната страна на Стариот град, лозарството беше обновена во 2000.[1]
Постои дива популација на африкански папагали „Мал александар“,[2] и дива популација на сибирски лебеди, кои може да се видат главно на островите во реката Некар близу Бергхајм, округ на Хајделберг.
[уреди] Административна структура
Хајделберг е урбан округ во рамките на административниот округ Карлсруе. Руралниот округ Рајна-Некар-Крајс го опкружува и има седиште во градот, иако градот не е дел од округот. Хајделберг е дел од метрополитенската област Рајна-Некар, често нарекувана како Триаголник Рајна-Некар. Оваа област се состои од јужните делови на покраината Хесен, јужниот дел од покраината Рајнска област-Пфалц, урбаните окрузи Манхајм и Хајделберг и јужните општини на Рајна-Некар-Крајс. Триаголникот Рајна-Некар станал европска метрополитенска област во 2005.
Хајделберг се состои од 14 окрузи распоредени во 6 сектори на градот. Во средината, се Altstadt (Стариот град), Бергхајм и Вестштат („Weststadt“); на север, Нојенхајм и Хандшусхајм; на исток, Цигелхаузен и Шлирбах; на југ, Зидштат, Рорбах, Емертсгрунд и Боксберг; на југозапад, Кирхајм; на запад, Пфафенгрунд и Виблинген. Новиот градски округ, именуван привремено како Bahnstadt (Банштат), е планиран на дел од Вестштат и Виблинген. Новиот округ ќе има околу 5.000-6.000 жители и вработување за 7.000.
[уреди] Соседни заедници
Следниве градови и општини се граничат со градот Хајделберг, почнувајќи на запад и одејќи во насоката на стрелките на часовникот: Единген-Некархаузен, Досенхајм, Шрисхајм, Вилхелмсфелд, Шенау, Некаргеминд, Баментал, Гајберг, Лајмен, Зандхаузен, Офтерсхајм, Планкштат, Епелхајм (сите дел од Рајна-Некар-Крајс) и Манхајм.
[уреди] Клима
Хајделберг има океанска клима, дефинирана од заштитената долина помеѓу Pfälzerwald и Odenwald. Годишно, благите темпереатури се утврдени со воздушни маси, кои доаѓаат од запад. Во споредба со соседната низина Горна Рајна, местоположбата на Хајделберг во долината доведува до почести источни ветрови. Падините на Оденвалд не дозволуваат облачно време и дождови. Најтоплиот месец е јули, најладниот е јануари. Не е реткост, температурите да се искачуваат над 30 °C во средина на летото. Според германскиот метеоролошки завод, Хајделберг бил најтоплото место во Германија во 2009.[3][4][5]
| Климатски податоци за Heidelberg | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
| Просечна висока °C (°F) | 3.78 (38.8) |
6.11 (43.0) |
10.89 (51.6) |
15.39 (59.7) |
19.89 (67.8) |
23 (73.4) |
25.5 (77.9) |
25.11 (77.2) |
21.5 (70.7) |
15.28 (59.5) |
8.5 (47.3) |
4.78 (40.6) |
15 (59,0) |
| Просечна ниска °C (°F) | -1.39 (29.5) |
-0.72 (30.7) |
1.89 (35.4) |
4.89 (40.8) |
8.89 (48.0) |
12.22 (54.0) |
14 (57.2) |
13.78 (56.8) |
10.61 (51.1) |
6.72 (44.1) |
2.39 (36.3) |
-0.39 (31.3) |
6,06 (42,9) |
Грешка: {{{temperature colour}}} не претставува важечка алтернатива за температурна боја. Користете |temperature colour=pastel или пак отстранете го параметарот temperature colour од стандардната обоеност. |
|||||||||||||
| Извор: Intellicast[6] | |||||||||||||
[уреди] Меѓународни односи
Хајделберг одржува партнерски врски („Städtepartnerschaft“) со следниве градови:
Кембриџ, Обединето Кралство, од 1957
Монтпелие, Франција, од 1961
Реховот, Израел, од 1983
Симферопол, Украина, од 1991
Бауцен, Саксонија, од 1991
Кумамото, Јапонија, од 1992
[уреди] Познати луѓе
[уреди] Познати жители
- Антје Дувекот (*1976), кантавтор
- Ханс-Георг Гадамер (1900–2002), филозоф
- Михаел Фасбендер (*1977), актер
- Јан Хардинг (*1986), актер
- Харалд цур Хаузен (*1936), вирологист, нобелов лауреат
- Дитмар Хоп (*1940), софтвер претприемач
- Паул Кирхоф (*1943), поранешен судија во сојузниот уставен суд на Германија (Bundesverfassungsgericht)
- Карл А. Ламерс (*1951), политичар, претседател на Парламентарно собрание на НАТО
- Ананда Махидол (1925–1946), крал на Тајланд
- Хајнрих Нил (1870–1940), композитор, диригент на музичкиот конзерваториум во Хајделберг
- Кристијан Шмитмер (1939–2003), холивудска актерка и модел
- Клаус Шиц (*1926), политичар
- Силвија Ренате Зомерлат (*1943), кралица на Шведска
- Алберт Шпер (1905–1981), германски архитект и министер во Третиот Рајх
- Петар Берон (1799-1871), бугарски просветител
- Васил Радославов (1854-1929), бугарски премиер
[уреди] Познати луѓе кои умреле во Хајделеберг
- Роберт Бунзен (16 август 1899), хемичар
- Феликс Хајнрих Ванкел (9 октомври 1988), машинински инженер и пронаоѓач
[уреди] Галерија
|
[уреди] Поврзано
- Центар за американски студии Хајделберг
- Универзитет Хајделберг (Охајо)
- Меѓународен универзитет Шилер
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.hilfe-hd.de/rohrbach/wein.htm
- ↑ Штефани Вегенер: Verbreitung und Arealnutzung der Halsbandsittiche (Psittacula krameri) in Heidelberg, објавено од: Ornithologische Gesellschaft Baden-Württemberg e. V., Ornithol. Jh. Bad.-Württ. 23: 39-55 (2007)
- ↑ Мехтихилд Хенеке: Временски екстреми во Германија 2009. Во: Südkurier, 28 април 2010
- ↑ Kreisbeschreibung Bd. 1, S. 54ff
- ↑ www.klimadiagramme.de
- ↑ „Историски просечни временски податоци за Хајделберг“. Intellicast. http://www.intellicast.com/Local/History.aspx?location=GMXX0053. проверено на 21 октомври 2009.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Хајделберг“ |
- Службена страница на Хајделберг, достапен е мал дел на англиски
- Хајделберг на Wikitravel (англиски)
- Аудио-водич во Хајделбершкиот замок
- Службена страница на американскиот гарнизон во Хајделберг
- Американско средно училиште Хајделберг, Официјална службена страница на американското средно училиште во Хајделберг
![]() |
Манхајм | Дармштат, Франкфурт | Ашафенбург, Вирцбург | ![]() |
| Кајзерслаутерн | Оденвалд | |||
| Шпејер, Ландау | Карлсруе, Штутгарт | Хајлброн, Швебиш Хал |
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||
