Летни олимписки игри 1924
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| I Зимски олимписки игри | |
| Град домаќин | Шамони, Франција |
|---|---|
| Бр. на држави | 44 |
| Бр. на спортисти | 3,089 (2,954 men, 135 women) |
| Натпревари | 126 од 17 спортови |
| Отворени | 25 јануари |
| Затворени | 4 февруари |
| Официјално отворени од: | Францускиот претседател Гастон Домерж |
| Спортска заклетва | Жорж Андре |
| Стадион | Олимписки стадион |
8- те Летни олимписки игри се одржале во Париз во 1924 година. Градот Париз бил избран по втор пат за домаќин на Летните олимписки игри по 1900, а во конкуренција биле ои градовите Амстердам, Берлин, Лос Анџелес, Рио Де Жанеиро и Рим.
Трошоците на игрите биле проценети на 10.000.000 франци, а според некоја потврда вкупниот износ изнесувал 5.496.610 франци. Се знае и дека за време на одржувањето на игрите во Париз пристигнале околу 60.000 луѓе.
Содржина |
Ретроспектива [уреди]
- Церемонијата на свечено отворање се одржала на Олимпискиот стадион Ив ду Маноа со капацитет од 4- те 45.000 гледачи.
- 8-те Летни олимписки игри се последни организирани од Пјер де Кубертен како претседател на Меѓународниот олимписки комитет.
- „Летечките Финци“ доминирале на долгите атлетскји поатеки, а Британците и Американците на пократките. Паво Нурми победил во трките на 1500m и 5000m и крос- кантри трката. Виле Ритола победил во трките на 10000m и 3000m со пречки, а завршил втор во трката на 5000m и крос- кантри трката. Албин Стенрус победил во маратонот, додека финскиот тим (Нурми и Ритола) победиле во тимската трка на 3000m со пречки и крос- кантри тимската трка.
- Британецот Харолд Абрахамс победил на 100m, а неговите сонародници Ерик Лидел на 400m и Даглас Лов на 800m.
- Должината на маратонската трка била утврдена на 42.195km што е трчана на Летните олимписки игри - 1908 во Лондон.
- Пливачот Џони Вајсмилер освоил 3 златни медали во пливање и бронза во ватерполо.
- Мечувачот Рожер Дукре од Франција освоил 5 медали од кои 3 биле златни.
- Во гимнастичките натпревари во машка конкуренција дури 24 натпреварувачи биле оценети со 10. Од нив 23 во качување по јаже, а гимнастичарот Алберт Сегвин покрај оценката 10 во качување со јаже, бил единствен којшто добил десетка во друга дисциплина, прескок на страна.
- Ирска за прв пат на Олимписките игри учествувала како независна држава.
- За прв пат било употребено Олимпиското мото "Citius, Altius, Fortius" (побрзо, Повисоко, Посилно).
- За прв пат за Олимписките игри се изградило Олимписко село.
Спортови [уреди]
Демонстрациони спортови [уреди]
Земји-учеснички [уреди]
На Олимписките игри во Париз во 1924 година се натпреварувале спортисти од 44 земји. Германија повторно отсуствувала, а не ни била поканета од Меѓународниот олимписки комитет. Дебитанти на Олимписките игри биле Еквадор, Хаити, Ирска, Литванија, Филипини и Уругвај. Дебитанти на Летните олимписки игри биле и Латвија и Полска, но не и дебитанти на Олимписките игри воопшто бидејќи учествувале на Зимските олимписки игри - 1924 во Шамони.
Освојувачи на медали [уреди]
| Ранг | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 45 | 27 | 27 | 99 | |
| 2 | 14 | 13 | 10 | 37 | |
| 3 | 13 | 15 | 10 | 38 | |
| 4 | 29 | 13 | 12 | 54 | |
| 5 | 18 | 3 | 5 | 26 | |
| 6 | 7 | 8 | 10 | 25 | |
| 7 | 5 | 2 | 3 | 10 | |
| 8 | 4 | 13 | 12 | 29 | |
| 9 | 4 | 1 | 5 | 10 | |
| 10 | 3 | 7 | 3 | 13 |
Надворешни врски [уреди]
- МОК Олимписки игри Париз 1924
- освојувачи на медали
- Слика на олимпискиот стадион во Кломб
- Историја на олимпискиот стадион
- слики од церемонијата на отворање на Летните олимписки игри - 1924 во Париз
|
||||||||||||||||||||||||
