Летните олимписки игри - 1968 или 19-тите Летни олимписки игри се одржале во Мексико. Градот бил избран за домаќина на 18 октомври 1963 година на 60-тата сесија на МОК во Баден- Баден. Останати кадндидати биле Детроит, Лион и Буенос Аирес. Игрите се одржале само 10 дена по масакрот Тлателоко во којшто на 2 октомври 1968 биле убиени стотици студенти од страна на тајните службени сили.
Ретроспектива [уреди]
- Големата надморска висина на Мексико (2240m) ги отежнала условите за настап на игрите, а на многу спортисти им била потребна поголема адаптација. Но, сепак големата надморска висина овозможила полесно да се постигнат неколку рекорди, особено во скокачките дисциплини.
- За прв пат на Олимписките игри спортистите од Источна и Западна Германија настаплие одделно за двете земји.
- Фрлачот на диск Ал Ертер го освоил својот четврти златен медал на четвртите Олимписки игри.
- Боб Бимон поставил нов светски рекорд во скок во далечина со фантастични 8.90m. Овој резултат бил за 55cm подобар од рекордот стар една година чиј сопственик бил Игор Тер- Ованесјан. Резултатот 8.90m бил светски рекорд се до историското финале на Светското првенство во атлетика - 1991 одржано во Токио каде што Мајк Пауел станал светски рекордер прескокнувајќи 8.95m.
- Во трискок светскиот рекорд бил подобруван дури 5 пати од тројца различни атлетичари.
- Дик Фосбари освоил златен медал во скок во височина употребувајќи го својот препознатлив стил кој по неговото име ќе стане доминантен во оваа дисциплина.
- На свечената веремонија на доделување на медалите на најдобрите натрпреварувачи во атлетската трка на 200m во машка конкуренција, американските натпреварувачи Томи Смит (злато) и Џон Карлос (бронза), и двајцата црномурести, ги подигнале своите глави во знак на доминација на црната раса по што и двајцата биле доживотно дисквалификувани од страна на Меѓунардониот олимписки комитет.
- По освојувањето на златниот медлал во бокс во супертешка категорија, Џорџ Форман, кружел околу рингот со мало американско знаменце и се поклонил неколку пати пред публиката.
- Гимнастичарката Вера Чаславска од Чехословачка освоила 4 златни медали.
- Чарлс Хикокс освоил 3 златни медали во пливање, а Деби Меер станал првиот пливач којшто победил на 200, 400 и на 800m слободен стил.
- За прв пат на Олимписките игри биле воведени допинг-тестовите. Шведскиот натпреварувач во модерен петобој Ханс Гунар Лиљенвал бил дисквалификуван поради козумирање на алкохол.
- Џон Стивен Аквари од Танзанија станал популарен по тоа што завршил последен на маратонот поради повреда на коленото.
- Ова се првите од трите Летни олимписки игри на кои се натпреварувал Жак Рог, подоцна осмиот претседател на МОК.
- Мексиканската спортистката Норма Ерикето Базилио де Сотело станала првата жена којашто го запалила Олимпискиот оган.
- Ова биле првите Олимписки игри на кои африканските спортисти ја покажале својата доминација на средните и долгите атлетски патеки. Тие ги освоиле златните медали во сите дисциплини од 800m до маратонот. Ваквиот успех, африканските натпреварувачи го постигнуваат и денес.
Спортови [уреди]
Демонстративни спортови [уреди]
Земји-учеснички [уреди]
Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри
На игрите за прв пат настапиле спортисти од повеќе од 100 земји (112). Спортистите од Источна и Западна германија настапиле одвоено за своие земји.
освојувачи на медали [уреди]
Надворешни врски [уреди]