Меѓународен олимписки комитет
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Меѓународен Олимписки Комитет | |
Знаме на МОК |
|
| Кратенка | МОК |
|---|---|
| Основана | 23. јуни 1894. |
| Тип | Движење |
| Цел | Промоција на олимпизмот ширум светот и водство на олимпиското движење. |
| Седиште | Лозана, Швајцарија |
| Членство | 205 национални олимписки комитети |
| Официјални јазици | англиски, француски |
| Мреж. место | http://www.olympic.org |
Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) (англиски: International Olympic Committee, француски: Comité International Olympique) е организација со седиште во Лозана, Швајцарија основана од Пјер де Кубертен во 1894., со цел преку Олимписките игри да се промовира меѓународниот спорт и мирот во светот. Денес МОК има 205 членки - национални олимписки комитети кои ги претставуваат своите земји во Движењето.
МОК ги организира модерните Олимписките игри во лето и во зима, на секои четири години. Првите Летни Олимписки игри се одржале во Атина во 1896, а првите Зимски Олимписки игри се одржале во Шамони во 1924. Од 1992., летните и зимските игри се одржуваат наизменично на 2 години.