Швајцарија
Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е европска земја без излез на море. Таа граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е седиште на голем број на меѓународни организации.
Confoederatio Helvetica (CH), латинската верзија на официјалното име, избегнува употреба на било кој од четирите официјални јазици.
Содржина |
[уреди] Етимологија на име
[уреди] Историја
Швајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделенана три подрачја: Швиц, Ури и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското царство уште од 1339 година, по битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.
Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабзбуршката династија и Германското царство. По победата над германскиот император Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоил од 13 кантони.
Како таков систем на уредување, Швајцарија постоела сè до започнувањето на ерата на Наполеон Бонапарт. За време на Реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани кои биле зафатени соседните европски држави. По падот на Наполеон во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна. Кантоните станале обични административни единици.
Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржи федералното уредување со некои онфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал ни во пракса, туку во 1815 година, во Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.
Приоѓањето на Швајцарија од конфедерација во федерација било проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони, Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период со мал број на жртви, околу 100. Така, во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането било какво делење односно формирање на сојузите
[уреди] Географија и клима
Швајцарија е земја која се наоѓа во Централна Европа. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
Население -Германци 63,7 % -Французи 20,4 % -Италјанци 6 % -Има и помал број на Македонци,Босанци,Срби и други народи.
[уреди] Култура во Швајцарија
[уреди] Религија
Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграција го донел исламот во изминатиот век, и денеска бројот на муслиманитер е околу 4.26%. Истот се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1.8%[1]. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова Апостолска Црква (0,45%), Хиндуизам (0,38%), Будизам (0,29%), Јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Стара католичка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарија се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да дадат изјава.
[уреди] Музика во Швајцарија
[уреди] Спорт во Швајцарија
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Видете исто така
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |