Данска
| Данска
Danmark
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: (кралско) Guds hjælp, Folkets kærlighed, Danmarks styrke1[1] „Божја помош, љубовта на нароот, силата на Данска“ |
||||||
| Химна: Der er et yndigt land (државна) Кралска химна: Kong Kristian stod ved højen mast (кралска и државна) |
||||||
|
Местоположбата на Данска (темнозелено)
– на Европскиот континент (зелено и темносиво) |
||||||
| Главен град (и најголем) |
Копенхаген |
|||||
| Службен јазик | дански2 | |||||
| Народности (2010) | 90,1% Данци, 9,9% останати[2] |
|||||
| Демоним | Данци | |||||
| Уредување | Унитарна парламентарна демократија и уставна монархија | |||||
| - | Кралица | Маргарета II | ||||
| - | Премиер | Хеле Торнинг-Шмит | ||||
| Законодавство | Фолкетинг | |||||
| Обединување | VIII век | |||||
| ЕУ пристапила | 1 јануари 1973 (VII) | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 43,075 км2 (132ро) | ||||
| - | Вода (%) | 1,64 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2011 | 5.564.219[3] (110та) | ||||
| - | Густина | 129 жит/км2 (88то) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2010 | |||||
| - | Вкупен | $201,739 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $36.449[4] | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2010 | |||||
| - | Вкупно | $310,760 милијарди[4] | ||||
| - | По жител | $56.147[4] | ||||
| Џини (2009) | 24,7 (низок) (I) | |||||
| ИЧР (2010) | ▲ 0,866[5] (многу висок) (XIX) | |||||
| Валута | Данска круна (DKK) |
|||||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
| - | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .dk3 | |||||
| Повик. бр. | 45 | |||||
| 1Данска нема граѓанско државно мото. Кралицата Маргарета II го има личното кралско мото „Guds hjælp, Folkets kærlighed, Danmarks styrke“. 2Германскиот јазик е заштитен малцински јазик во областа Јужен Јиланд (Sønderjylland). 3 Доменот .eu е заеднички со сите останати земји од Европската Унија. |
||||||
Данска (дански: Danmark) е држава која се наоѓа во Северна Европа. Главен град на Данска е Копенхаген. Кралството Данска е најмала држава на Скандинавскиот полуостров. Таа е член на Европската унија. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море а се состои од 13 амти (amter), една самостојна градска општина и два автономни региони – Гренланд и Фарски острови.
Содржина |
Етимологија [уреди]
Историја [уреди]
Пред населувањето на скандинавците, Данска била населена со Келтите. Најстарото данско писмо потекнува од околу 7 век кога настанала и нова рунска азбука. Најстариот град Рибе, датира од 810 година. Се до 11 век, Данците биле познати како Викинзи заедно со Норвежаните и Швеѓаните, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму Викинзите се оние кои за прв пат пристигнале до Америка и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку Скандинавија до Исланд преку Гренланд до Америка. Во различно време, Данска владееле со големи делови на Англија и Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, Исланд и Франција, делови од Нормандија и Девствените Острови, делови од Балтичкото Море, на пример Естонија и Латвија, и денешна Германија. Сојузот со норвешка бил раскинат во 1814 година кога Норвешка влегла во сојуз со Шведска, кој траел до 1905 година.
На 5 јуни 1849 година Данска станала уставна монархија. По Втората Шлесвишка војна од 1864 година, каде била принудена да и ја отстапи покраините Холштајн и Шлезвиг на Прусија, во Данска била прогласена политичка неутралност поради кое во текот на Првата Светска војна не учествувала. По војната и поразот на Германија, на Данска и било понудено враќање на Шлезвиг-Холштајн, но таа тоа го одбила. Во 1920 година северната третина на Шлезвиг и била вратена на Данска. Во текот на Втората Светска војна, и покрај неутралноста таа била нападната од Германија во 1940 година и окупирана. По војната таа била една од основачите на НАТО а во 1973 година се приклучила кон Еврпската економска заедница покасно наречена Европска унија.
Географија и клима [уреди]
Данска се состои од полуостровот Јиланд (Jylland) и 405 помали острови. Од нив, 323 се населени а најголеми се Селанд (Sjælland) и Фин (Fyn). Многу од островите се поврзани со мостови. Климата во Данска е умерена морска. Најважен фактор за климата во Данска игра Атланскиот океан. Вкупната површина на земјата изнесува 43.094 km², и според тоа се наоѓа на 131 место по големина во светот. Данска се наоѓа северно од Германија и Полска, југозападно од Шведска и јужно од Норвешка. Данска излегува на Балтичко море и Северно море.
Население, јазик и религија [уреди]
Население [уреди]
Населението на Данска според пописот од јули 2005 година изнсува 5 432 335 од кои 91% се данци. Официјален јазик е данскиот.
- Старосна структура
- 0-14 години- 18.8% (524 250 мажи и 497 683 жени)
- 15-64 години- 66.1% (1 811 787 мажи и 1 780 907 жени)
- над 65 години- 15.1% (349 458 мажи и 468 250 жени)
- Полова структура
- 0-14 години: 1,05 машки на 1 женски
- 15-64 години: 1,02 машки на 1 женски
- над 65 години: 0,75 машки на 1 женски
- Општ показател: 0,98 мажи на 1 жена
- Наталитет
- Коефициент на раѓање: 11,36 на 1 000 души
- Коефициент на смртност: 10,43 на 1 000 души
Религија [уреди]
Од поголемиот број на религиозни заедници во Данска, една од најголемите е Лутеранската Црква на Данска, која е официјална државна религија. Втората најголема религиозна организација е исламот, поради масовните имиграции кон крајот на 20 век.
Во принцип, Данците не се многу религиозни, а како факт се зима премалата посетеност на црквата од страна на населението. Според податоци од 2005 година извршени од страна на Зукермен [1], Данска е третата земја во Европа со највисок процент на атеисти највисок процент на атеисти, кој процент се движи помеѓу 43% и 80%. Според друго истражување, онаа на Евробарометар од 2005 година, [6] 31% од граѓаните на Данска одговориле дека "тие веруваат во Бог". Иако Божик се смета за дански прзник, истиот главно произлегува најверојатно од нејзините културни традиции.
До крајот на 2007 година, 82,1% [7] биле членови на Евангелска Лутеранска црква, чиј процент во 2008 година се намалил на 81,5%[8]. Сепак, овој податок е сличен и кај останатите земји од Скандинавија, северозападна Европа и Британија.
Според Одделението за проучување на религијата на Универзитетот во Архус, Данска, исто така, постојат околу 20.000 верници на будизмот во Данска. [9], а вкупниот процент на муслимани во Данска е околу 3.7%.
Политички систем [уреди]
Данска по своето државно уредување претставува уставна монархија од 1849 година. Монархот е формално на чело на државата бидејќи извршната власт е во рацете на министрите. Законодавната власт ја сочинуваат владата и парламентот (познат како Фолкетинг) кои се состојат од 179 членови. Данското судство функционира независно од законодавната власт. Парламентарни избори се одржуваат на секои четири години, но премиерот има право да побара предвремени избори.
Административна поделба [уреди]
Од 1 јануари 2006 година Кралството Данска е разделено на 13 амти (amter), една самостојна градска општина и два автономни региони – Гренланд и Фарски острови. Двата автономни региона имаат пошироко самоуправување и се претставени со по две места во данскиот парламент.
- Орхус
- Борнхолм (општина)
- Ваиле
- Виборг
- Западен Шеленд
- Копенхаген
- Риба
- Рингиобинг
- Роскилде
- Северен Јиланд
- Сторстром
- Фредериксборг
- Фун
- Јужен Јиланд
Економија [уреди]
Данска е високо развиена како индустриски така и аграрно држава. Во производството преовладуваат мали и средни претпријатија. Најмногу организации постојат во металопреработувачката, хемиската и прехранбената индустрија.
Култура [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Кралски дом“. http://www.kongehuset.dk/publish.php?dogtag=k_dk_familien_dronningen. проверено на 29 ноември 2010. (дански)
- ↑ „Доселеници и потомци на странски државјани“. „Статистика Данска“. Dst.dk. 12 мај 2010. http://www.dst.dk/HomeUK/Statistics/focus_on/focus_on_show.aspx?sci=565. проверено на 31 јули 2010.
- ↑ „Население по регион и време“. Статистика Данска. 1 април 2011. http://www.dst.dk/HomeUK/Statistics/Key_indicators/Population/pop.aspx. проверено на 11 мај 2011. (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „данска“. ММФ. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2011/01/weodata/weorept.aspx?pr.x=76&pr.y=12&sy=2008&ey=2011&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=128&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=. проверено на 21 април 2011. (англиски)
- ↑ „Извештај за човековиот развој 2010“. ООН. 2010. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2010_EN_Table1.pdf. проверено на 5 ноември 2010. (англиски)
- ↑ „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_225_report_en.pdf. проверено на 2007-05-05.
- ↑ http://www.km.dk/folkekirken.html
- ↑ http://www.km.dk/folkekirken/statistik-og-oekonomi/kirkestatistik/folkekirkens-medlemstal.html
- ↑ Journal of Global Buddhism, Article by Jørn Borup, Department of Study of Religion at University of Aarhus, Denmark. 2008, based on research from 2005
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||