Вајле
| Вајле | |||
|---|---|---|---|
| — Град — | |||
| Старата градска куќа на Вајле (1878) | |||
|
|||
|
|
|||
| Координати: | |||
| Држава | Данска | ||
| Регион | Јужна Данска | ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Арне Сигтенбјергард | ||
| Површина | |||
| • | 1.066,32 км2 | ||
| Население (2012) | |||
| • Вкупно | 51.804 | ||
| • | 108.021 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Портал | www.vejle.dk | ||
Вајле е значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот е управен центар на Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Вајле. Денес Вајле има 51,804 жители (1 Јануари 2012)[1] во градот и 108,021 во поширокото градско подрачје.[2]
Содржина |
Природни услови [уреди]
Вајле се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 235 километри западно.
Релјеф: Градот Вајле се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 70 метри. Во средината се наоѓа котлина, која се завршава со залив. Падините и од двете страни на котлината и заливот достигнуваат најголеми височини околу ридот Мункебјерг, каде буката процвета 14 денови пред процветувањето во останатите места во Данска.
Клима: Климата во градот Вајле е претежно умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Вајле се формирал на крајот на истоимениот фјорд Вајле, кој претставува дел од Северното Море.
Името на градот значи "плитко место" или "газ", што е прилично точен назив, со оглед на тоа дека градот се наоѓа во внатрешноста на заливот, на доста плитко место, па е возможно лесно преминување.
Историја [уреди]
Подрачјето на Вајле било населено уште во времето на праисотријата. Денешната населба прв пат се споменува во 1256 година, а во 1327 година, населбата ги добила градските права. Средишниот дел на градот се ширел околу потокот Вајле и Грејс. Подоцна градот се проширил на брегот на Сондермаркен и Молхолм на југот, и Норемаркен и Ухој на север, додека кон запад се ширел во текот на триесетите години на дваесетиот век.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население [уреди]
Денес Вајле има околу 51.000 жители во градските граници и околу 106.000 со околните населени места.
Етнички состав Населението на Вајле до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Стопанство [уреди]
Вајле некогаш бил познат како „дански Манчестер“, додека денес е средиште на ИТ-секторот.
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ [1]
- ↑ BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика