Северна Данска
| Северна Данска Северен Јитланд |
|||
|---|---|---|---|
| — Регион во Данска — | |||
|
|||
| Главен град | Олборг | ||
| Општини | |||
| Управа | |||
| • Претседател | Улија Астман (Социјал Демократска Партија на Данска) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 7.933 км2 | ||
| Население (2010) | |||
| • Вкупно | 579.628 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Портал | www.rn.dk | ||
Северна Данска или Северен Јитланд е една од 5-те региони на Данска, сместен во северниот дел на државата. Управното седиште е градот Олборг, кој е истовремено и најголем.
Содржина |
Положба и граници [уреди]
Северна Данска ги опфаќа јужниот и северниот дел на Данска, додека со поголем дел се простира на копното, а со помал дел на островите. Границите на регионот се:
Природни услови [уреди]
Северна Данска со поголемиот, западен дел се простира на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека на исток единствен значаен „вистински“ остров е островот Лесе. Поточно најголем остров е Севернојиландски Остров, кој со копното е одделен со плитни и тесни внатрешни заливи, залив на Северно Море, Лимски Фјорд. Даденото место настанало во втората половина на 19 век, со провала на морето во дотогашното езеро, па така некогашниот полуостров станал остров. Меѓутоа, дадениот простор сообраќајно останал поврзан со копното па во секојдневието сеуште се смета за негов составен дел.
И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски со надморска височина до 40 м (јутоисток на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголемиот дел е под земјоделско одгледување.
Население [уреди]
Според последниот попис на населението од 2010 година во регионот Северна Данска живеат околу 580.000 жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е претежно рурално, за разлика од целиот државен просек.
Густина на населеност на регионот е близу 75 жит/км² што е значително под државниот просек (127 ж/км²). Југоисточниот дел на регионот е подобро населен за разлика од останатиот дел.
Општини во Северна Данска [уреди]
Во Северна Данска има 11 општини, и тоа:
- Брендерслев
- Вестхимерланд
- Јамербугт
- Лесе
- Маријагерфјорд
- Морсе
- Ребилд
- Олборг
- Тистед
- Фредериксхавн
- Хјоринг
Градови во Северна Данска [уреди]
Значајни градови во Северна Данска, се:
- Олборг (главен град)
- Хјоринг
- Фредериксхавн
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Северна Данска“ |
|
|||||