Скандинавски Полуостров

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на полуостровот

Скандинавскиот Полуостров — географска област во северниот дел на Европа, кој се состои од државите Норвешка и Шведска. Името е добиено од поимот Сканија, покраина во јужниот дел на полуостровот. Скандинавскиот Полуостров е најголемиот полуостров во Европа.

Скандинавскиот полуостров е најголем полуостров во Европа. Се простира меѓу Атлантскиот Океан и Балтичкото Море со Ботнискиот Залив и Северниот Леден Океан.

Зафаќа околу 1.100.000 км². Има должина од околу 1.900 км и ширина од 400 до 700 км. На него живеат окулу 15 милиони луѓе. По должината на полуостровот се простираат старите Скандинавски Планини кои се состоат од кристални штрилци, гранити и гнајсеви.

За време на глечерскиот период биле изложени на голема ерозија. Глечерите многу влијаеле врз формирањето на изгледот на релјефот. Западните брегови се мошне разгранети; со потопување на глечерските долини се создадени длабоки, долги и тесни заливи наречени фјордови.

Пространи делови од Скандинавија се зарамнети и се нарекуваат Фјелдови. Глечерите оформиле голем број езера. Големи делови од Скандинавскиот Полуостров и денес се под глечери. Западните делови се под влијние на атланската клима и топлата Голфска струја, како и на студени воздушни маси од север и од исток.

Западните делови имаат поголемо количество врнежи, па затоа реките се кратки, брзи, со голем пат и полноводни, така што имаат голема енергетска моќ. Други природни богатства се шумите и рудите на железо, бакар, олово, цинк и друго.

Полуостровот е политички поделен на Норвешка, Шведска и Финска.

Видете исто така[уреди]