Покраини во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Покраините во Шведска (швед. landskap) се историски, географски и културни области. Во земјата има 25 покраини, кои денес немаат никаква политичко-административна функција, туку претставуваат културно-историска оставнина од минатото.

Сè до 1634 неколку од нив административни единици во составот на Шведска, но потоа биле заменети со окрузи (län). Некои подоцна биле освоени од Данска–Норвешка. Други, како историските покраини во Финска, засекогаш отпаднале од Шведска. Лапонија е единствената покраина стекната со колонизација.

Во некои случаи окрузите речиси наполно соодветствуваат на покраините. Ова е случај со округот и покраината Блекинге, како и округот, покраината и општината Готланд. Иако границите не им се совпаѓаат сосема, Херједален е единствената општина, заедно со Готланд, што носи име на покраина. Административните единици подложат на менување на нивните граници, додека пак покраините ги зафаќаат истите подрачја со векови.

Покраини[уреди]

Грб Име Изворно
Покраините во Шведска
Blekinge vapen.svg Блекинге Blekinge
Bohuslän vapen.svg Бохуслен Bohuslän
Värmland vapen.svg Вермланд Värmland
Västerbotten vapen.svg Вестерботен Västerbotten
Västergötland vapen.svg Вестерјетланд Västergötland
Västmanland vapen.svg Вестманланд Västmanland
Gotland vapen.svg Готланд Gotland
Dalarna vapen.svg Даларна Dalarna
Dalsland vapen.svg Далсланд Dalsland
Öland vapen.svg Еланд Öland
Östergötland vapen.svg Естерјетланд Östergötland
Jämtland vapen.svg Јемтланд Jämtland
Gästrikland vapen.svg Јестрикланд Gästrikland
Lappland vapen.svg Лапонија Lappland
Medelpad vapen.svg Меделпад Medelpad
Närke vapen.svg Нерке Närke
Norrbotten vapen.svg Норботен Norrbotten
Ångermanland vapen.svg Онгерманланд Ångermanland
Södermanland vapen.svg Седерманланд Södermanland
Skåne vapen.svg Сканија Skåne
Småland vapen.svg Смоланд Småland
Uppland vapen.svg Упланд Uppland
Halland vapen.svg Халанд Halland
Hälsingland vapen.svg Хелсингланд Hälsingland
Härjedalen vapen.svg Херједален Härjedalen

Историја[уреди]

Покраините во Шведска од 1658 до 1809

Покраините водат потекло од малите кнежевства кои постепено потпаднале под власта на кралот на Шведска за време на обединувањето на земјата. Сè до донесувањето на државниот закон на кралот Магнус Ериксон (1350), секоја покраина имала свои закони и свое собрание (thing), што значи дека уживале целосна самоуправа. Историските провинции биле војвотства, но новоосвоените територии добивале статус на војвотства или грофовии, зависно од нивната поединечна важност.

Од сите освојувања извршени по одделувањето од Калмарската унија (1523), само некои биле придодадеи како како покраини. Најтрајните територии Шведска ги добила со Роскилдскиот мировен договор (1658), со постепеното припојување на поранешна данска Сканија (покраините Сконе, Блекинге, Халанд и Готланд) заедно со норвешките области Бохуслен, Јемтланд и Херједален. Други територии биле под шведска власт два до три века пред да влезат во самата Шведска. Во периодот од 1814 до 1905 Норвешка била во личен сојуз со Шведска, но никогаш не станала дел од неа.

Според некои историчари, покраините како замисла повторно заживеале во XIX век.[1]

Краишта во Шведска[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Краишта во Шведска.

Шведска историски се делела на четири краишта (lands):

Јеталанд и Свеаланд пред 1000 г. се состоеле од ситни кнежевства. Главно племе во Геталанд биле Гетите; најзначајно племе во Свеаланд биле Свеите (Шведи). Под „Норланд“ се подразбирале сите неистражени северни предели. Естерланд во Финска бил составен дел од Шведска, но во 1809 бил припоен кон Русија како Големо кнежевство Финска, за во 1917 да стане независна држава - Финска. Границите на овие области неколку пати се менувале, па затоа Норланд, Свеаланд и Јеталанд се само делови од Шведска, како колектив од покраини.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Jacobsson, Benny (2000). „Konstruktion av landskap. Exemplet Uppland“. Idéhistoriska perspektiv. уред. Ingemar Nilsson, Arachne 16, Гетеборг 2000, стр. 109-119. проверено на 20 октомври 2006 (шведски)