Лапонија (Шведска)
| Лапонија Lappland |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Норланд | ||
| Окрузи | Вестерботен Норботен Јемтланд |
||
| Површина | |||
| - Вкупна | 109,702 km2 (42,4 sq mi) | ||
| Население (2009)[1] | |||
| - Вкупно | 94.350 | ||
| - Густина | 0,9/km2 (2,2/sq mi) | ||
| Народ | |||
| - Јазик | шведски | ||
| Култура | |||
| - Цвет | снежник | ||
| - Животно | поларна лисица | ||
| - Птица | синовратка | ||
| - Риба | пастрмка | ||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | |||
Лапонија (од лат. Lapponia) или Лапланд (швед. Lappland) е покраина во крајниот северен дел на Шведска. Се граничи со покраините Јемтланд, Онгерманланд, Вестерботен, Норботен, како и Норвешка и Финска. Зазема околу 1⁄4 од површината на Шведска.
Историската област Лапонија во прво време се протегала и на исток. Меѓутоа во 1809 Русија го презела источниот дел од шведска Лапонија, така создавајќи го Големото Кнежевство Финска. Од таа причина и денес Лапонија се дели на шведска и финска.
Содржина |
[уреди] Управа
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат чисто културно-историски целини. Административно Лапонија спаѓа под окрузите Норботен (север) и Вестерботен (југ).
Граѓаните од лапонско потекло можат да гласаат и да се кандидираат на изборите за Лапонското собрание, што важи и за Лапонците било каде во Шведска. Лапонскиот има службен малцински статус во општините Кируна, Јеливаре, Јокмок и Арјеплуг.
[уреди] Население
На 31 декември 2009, шведска Лапонија имала 94.350 жители.[1] Заедно со остатокот од историската област Лапонија, населението брои вкупно 125.000 жители.[2] Најголем град е Кируна (18.154 жители).[3]
[уреди] Географија
Делови од Лапонија наречени „Лапонска област“ се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Во покраината се наоѓа еден од најстарите и највпечатливите национални паркови во Европа, Сарек (осн. 1909). Лапонија зафаќа површина од 109.702 км², речиси колку Португалија.
[уреди] Национални паркови
[уреди] Историја
Историјата на Лапонија во голема мера е поврзан со историјата на Норботен и Вестерботен, бидејќи Лапонија е историскиот регион на овие подрачја. Во Средиот век, Лапонија се сметала за ничија земја. Во неа всушност живееле номадските Лапонци (Сами), на кои подоцна им се придружиле шведски, фински и норвешки доселеници (особено во крајбрежните предели и покрај големите реки). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.
Ова не е случај со религијата. Во XVII и XVIII век Лапонците го напуштиле домородниот шаманизам и го примиле лутеранското христијанство. Во XIX век навлегло лестадијанското лутеранство.
Природните ресурси (хидроенергијата, дрвената граѓа и рудите, особено железото) на Норботен одиграле клучна улога во индустријализацијата на Шведска во текот на XX век, што предизвикало масовни преселби на населението од север кон југ и обратно. Меѓутоа, во последните децении поради значителната невработеност младите се селат од родниот крај во крајбрежните и јужните делови на Шведска.
[уреди] Поврзано
- Лапонија - културно-историска област
- Финска Лапонија
- Сапми - крај на Лапонците (Сами)
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Статистички податоци - Централна статистичка служба (шведски)
- ↑ Се вбројуваат финските општини: Енонтекие, Инари, Утсјоки, Муонио, Китила и Соданкилa.
- ↑ Лапонија - Централна статистичка служба (31 декември 2005)
[уреди] Надворешни врски
- Шведска Лапонија - Туристички дестинации, БиБиСи (англиски)
- Арвидсјаур - Арвидсјаур, срцето на шведска Лапонија (англиски)
|
|||||||

